Парламентарните избори во Германија се во тек. Гласачките места се затвораат во 18 часот, а право на глас имаат над 59 милиони гласачи.
Во германската престолнина Берлин, одѕивот беше 33% до 12 часот, според локалната власт, што е поголема од 25,4% за време на претходните избори во 2021 година.
Другите сојузни германски држави, исто така, регистрираа зголемена излезност на гласачите до пладне. Во источната покраина Саксонија, 25,9% гласаа, додека речиси половина (44,5%) од електоратот гласаа во соседна Тирингија.
Излезноста во Долна Саксонија досега беше 42,9 отсто, додека во градот Минхен беше објавена 61,2 отсто.
Претходните федерални парламентарни избори во 2021 година забележаа излезност од 76,6%, што е благ пораст од 76,2% од 2017 година, годината кога АфД првпат се приклучи на Бундестагот, пишува Евроактив.