Во Хрватска денеска ќе се одржи петтиот изборен циклус за советите и претставниците на националните малцинства.
Најмногу кандидати има српската листа, односно 1852 кандидати, потоа листата на албанското малцинство, потоа ромското и унгарското.
На овие избори ќе учествуваат вкупно 558 прифатени листи на кандидати за совети и претставници, од кои 179 се на регионално, окружно ниво, според податоците од Државната изборна комисија.
Заменик-претседателот на Српскиот национален совет, Александар Милошевиќ, претседател на огранокот на организацијата на Србите во Хрватска, рече дека напредокот во позицијата на советите и претставниците на националните малцинства во хрватското општество е мал, иако поминаа 16 години од првите избори.
„Во политичката атмосфера каде владее државниот национализам, со развиен говор на омраза и во која нема позитивна економија и уредено судство, не е изненадувачки што советите и претставниците на националните малцинства се далеку од остварување на нивните права“, изјави Милошевиќ.