• Latest

Изборна 2024: Судбината на демократијата преку гласачки кутии

January 9, 2024
Фото: Скриншот од видео на МИА

За Мицкоски не биле алармантни параметрите на штетните честички по здравјето на граѓаните, тоа било само визуелно

September 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

(ВИДЕО) Фон дер Лајен: Ова мора да биде Моментот на независноста на Европа

September 10, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: Полска собори руски дронови; EXIT демантира дека се преселува во Скопје; Макрон го назначи Лекорну за премиер

September 10, 2025
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборна 2024: Судбината на демократијата преку гласачки кутии

January 9, 2024 13:51
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од 2 билиони луѓе низ 50 земји во светот оваа 2024 година ќе одлучуваат за судбината на нивните општества преку различни форми на избори. Во многу од земјите, вклучувајќи ги САД и ЕУ, демократијата ќе биде ставена на тест.

Или, како што се констатира во написот на politico.com, од САД до Велика Британија и ЕУ, од Индија до Мексико и од Тајван до Индонезија, некои од стратегиски најважните земји во светот ќе одржат избори оваа година. Што се однесува до Русија, таму се очекува само потврдување на веќе зацврстената позиција на Путин.

„Демократијата е доведена во прашање насекаде – не само на места кои се слабо рангирани според истражувањата за демократските вредности, туку и во воспоставените демократии како САД и ЕУ“, вели Даниел Келемен, професор по јавна политика на Универзитетот Џорџтаун и експерт за правото на ЕУ, за politico.com.

Клучни изборни процеси во македонски контекст

САД

На 5 ноември во САД ќе се одржат претседателски избори и избори за Претставничкиот дом, кои би можеле да бидат повторување на 2020 година, доколку претседателот Џо Бајден се соочи со својот претходник Доналд Трамп. Исходот од изборите во САД ќе влијае на остатокот на светот и на глобалната политика.

ЕУ

Од 6 до 9 јуни ЕУ ќе одржи парламентарни избори за претставници во Европскиот парламент, како единствено транснационално Собрание, на кои учествуваат сите 27 земји –членки на ЕУ. Ќе се бираат 720 пратеници, а може да се кандиидарт членови на националните политички партии од земјите членки.

„Исходот може да има значително влијание врз тековната поддршка на Европа за Украина во нејзината војна против Русија, бидејќи неколку десничарски партии во Западна Европа изразија противење на обезбедување континуирана помош за тековните воени напори на Киев, пишува Forbes

ЕУ истовремено се соочува со растот на десно ориентираниот популизам, што ја става под ризик политика што таа ја води во рамки на своите, но и надвор од границите на Унијата.

Избори во Северна Македонија

На 24 април и на 8 мај во Северна Македонија ќе се одржат претседателските и парламентарните избори. Иако и двата изборни процеси се во редовен термин, одредувањето на конечниот датум за парламентарните избори, што подразбираше политички консензус меѓу власта и опозицијата, подлежеше на низа перипетии.  Начинот на спроведување на изборите, изборната кампања и одлуката на граѓаните што ќе го искористат своето право на глас, ќе го одреди правецот на движење на државата: дали ќе го следи европскиот и демократски пат, што и покрај блокадата на уставните измени, уште е добро позициониран, или ќе ја втурне во сивилото н изолираноста предводена од крајно десничарски политики на опозициските партии обоени со националистички наративи.

Во таа насока, каква одлука на изборите ќе донесат САД и ЕУ, ќе влијае и на нашиот прогрес и аспирациите за влез во ЕУ, доколку победи демократијата, а уште повеќе доколку одлуката на граѓаните на Северна Македонија биде во корист на опозицијата.

Избори во светот

Украина – претседателските избори во Украина би требало да се одржат на 31 март. Датумот уште не е потврден, со оглед дека поради воени услови не се знае дали тие воопшто ќе се одржат. Со започнување на руската агресија, Украина прогласи  воена состојба, а украинскиот закон не дозволува одржување на избори кога е на сила воената состојба.

Индија ќе одржи општи избори некаде пред јуни, на кои хинду националистичката партија Бхаратија Џаната на премиерот Нарендра Моди ќе се обиде да обезбеди трет мандат против коалицијата на опозициски регионални и национални партии наречена Индиска национална развојна инклузивна алијанса (ИНДИА).

Бангладеш одржаа избори на 7 јануари. Повеќе од 1.800 кандидати се бореа за 300 места во националниот парламент од вкупно 27 политички партии. Премиерката на Бангладеш Шеик Хасина го доби четвртиот мандат и со нејзината партија освои речиси 75 отсто од местата на општите избори во услови на бојкот од страна на Националистичката партија на Бангладеш (БНП) предводена од поранешната премиерка Каледа Зија, која моментално е во затвор. ОД САД изборите беа оценети како не фер и неслободни, придружени со низа нерегуларности.

Тајван претседателските избори ќе ги одржи на 13 јануари. Тројцата кандидати кои се кандидираат за претседател се Лаи Чинг-те од ДПП, за која се знае дека е уште повеќе наклонета кон независноста од Цаи, умерениот лидер на Куоминтанг, Хоу Ју-ји и поранешниот градоначалник на Тајпеј, Ко Вен-је од Тајванската народна партија. Доколку победи кандидатот на ДПП, како владејачка партија, Кина, чиј притисок е постојан од осамостојувањето на Тајван,  предупреди на ризик од војна. Од друга страна, САД се голем поддржувач на Тајван, обезбедувајќи му средства за одбрана. Исходот од тајванските избори ќе биде клучен за Кина, но и за САД.

Мексико ќе одржи општи избори во јуни, кога се очекува да се избере прва жена лидер како штитеничката на актуелниот Андрес Мануел Лопез Обрадор (АМЛО), Клаудија Шејнбаум. Таа ќе се соочи со Ксочитл Галвез, кој ја предводи коалицијата на опозициските партии.

Јужна Африка изборите ќе ги одржи по мај на кои  Африканскиот национален конгрес на претседателот Кирил Рамафоса се надева дека ќе продолжи со непречено владеење на власт од крајот на Апартхејдот во 1994 година.

Индонезија ќе одржи избори во февруари за претсетател, потпретседател и речиси 20.000 претставници за окружните, провинциските и националните парламенти.

Пакистан на 8 февруари ќе одржи парламентарни избори. Во моментот земјата ја раководи преодна Влада, откако поранешниот премиер Имран Кан, кој беше избран во јули 2018 година, беше сменет со гласање недоверба во април 2022 година.

Русија од 15 до 17 март ќе одржи претседателски избори. Како опонент на Владимир Путин се кандидираа Леонид Слуцки од националистичката Либерално-демократска партија и Владислав Даванков од Нови луѓе за изборите. Номинацијата на Екатерина Дунцова од група поддржувачи, која повикува на мир во Украина, Изборната комисија ја отфрли со образложение дека нејзината документација содржела грешки, вклучително и правописни грешки, а Врховниот суд на крајот ја отфрли нејзината жалба против одлуката. Путин се кандидираше како независен.

Подготви: Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2024избориСвет
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ