• Latest

Изборни рокови (втор дел)

June 19, 2020
Фото: Укринформ

Фон дер Лајен: Европа останува сидро на стабилноста во еден свет што се менува

May 9, 2025

Кина потроши милијарди долари за развој на воена технологија; Конфликтот меѓу Индија и Пакистан би можел да биде нејзиниот прв голем тест

May 9, 2025
Фото: МИА архива

Службата за безбедност на Украина разоткрила шпионска мрежа на унгарската разузнавачка служба во Закарпатската област

May 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Пакистан отстапува простор за дипломатија пред да одговори на нападот на Индија

May 9, 2025
ПИНКИ ГО ВИДЕ ТИТО По враќањето од Москва Додик сите говори ги завршува со воскликот „да живее Русија“!

Додик: Путин навистина ја разбира позицијата на нашиот народ, Србија и Кина се пријатели кои градат мостови кон иднината

May 9, 2025

Мицкоски: Среќен 9 Мај – Денот на Европа! Македонија припаѓа во Европа, со својот идентитет, култура и визија за иднината!

May 9, 2025
Фото/ Wikipedia commons

Вучиќ на воената парада во Москва и покрај предупредувањата од ЕУ

May 9, 2025
Фото: скриншот МИА

Почнува тридневна национална акција за чистење отпад – „Генералка викенд“

May 9, 2025
Фото: Х

Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин, убиецот е уапсен и четворица помагачи, сите турски државјани

May 9, 2025
Фото: Скриншот

Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Изборни рокови (втор дел)

June 19, 2020 15:13
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во делот на изборната кампања во ревидираниот Роковник на Државната изборна комисија приговор на постапката на гласање од подносител на листа се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, а приговор за постапка на сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по објавување на првичните резултати. ДИК е должна во рок од 72 часа да донесе одлука по приемот на приговорот. Против одлуката на ДИК може во рок од 24 часа, по приемот на решението, да се поднесе тужба до Управен суд.

Што се однесува до радиодифузерите, печатените медиуми и порталите, во делот на финасисрање на платено политичко рекламирање, средствата се обезбедуваат од буџетот на државата. Исплаќањето го врши ДИК врз основа на испратена фактура во рок од 30 дена од насптапување на изборниот молк во првиот изборен круг и од 30 дена по настапување на изборен молк за вториот изборен круг доколку се одржува. Во прилог на фактурата се доставува и Договорот, медиа планот од ученикот во кампањата и Извештај за реализирани услуги од медиумите, порталите и радиодифузерите. Рокот е најдоцна до 11 август, однoсно 25 август при евентуално прегласување.

АВМУ е должна да поднесе до ДИК Извештај за платенополитичко рекламирање на радиодифузерите на 20 ден од настапување на изборниот молк, однсоно најдоцна до 1 август за првиот круг, односно 15 август за вториот круг доколку има прегласување. Радиодифузерите, пак, својот извештај  за реализирани услуги до АВМУ да го достават најдоцна 5 дена по настапување на изборниот молк. Односно најдоцна до 17 јули или 31 јули долку има евентуално втор круг на гласање.

Печатените и електронските медиуми се должни нивниот извештај да учесникот во изборната кампања, а потоа целата документација до ДИК, најдоцна до 17, односно 31 јули.

Финански извештаи

Учесниците во изборната кампања се должни во рок од 20 дена од почнување на изборниот молк да достават извештај со спецификација на трошоците на приходите и расходите на трансакциска сметка за изборна кампања од денот на нејзино одворање до завршување на првиот изборниот круг. Извештај со обрзаец за примени донации поденсува на 11 ден од денот на изборната кампања и истата постапка ја повтрува ден по завршување на кампањата.

Учесниците во кампањата се должни целокупниот финансиски извештај да го достават до ДИК најдоцна 30 дена од денот на затворање на трансакциската сметка и до до ДИК, Државниот заво за ревизија, Државната комисија за спречување корупција и до Собранието на Република Северна Македонија. ДЗР е должен во рок од 60 дена да спроведе ревизија.

Радиодифузерите, печатените и електронските медиуми се должни да поднесат извештај за платано политичко рекламирање најдоцна 10 дена по денот на завршување на изборната кампања до Министерството за финансии, ДИК, ДЗР и ДКСК. РОкот истекува на 1 август, односно 15 август токолку има прегласување.

Опис на избирачки места

Општинските изборни комисии најдоцна 10 дена пред денот на гласање е должна на видно место да ги истакне описите на избирачките места кои се определени за гласање со назначување од кое подрачје гласачите ќе гласаат на одделно избирачко место. Рокот истекува на 4 јули

Спроведување на изборите

Гласачите што на 13 јули ќе бидат во домашен карантин или самоизолација поради Ковид-19, преку полномошник ја известува ОИК најдоцна 7 дена пред денот на гласање, односно 8 јули. Истото важи и за лицата кои се немоќни и болни или хронично болно лице, а сакаат да го искорист правото на глас.

За лица кои гласаат на 14 јули, а во моментот се наоѓаат во домашен притвор, преку полномошник треба да ја известат ОИК најдоцна 3 дена пред гласањето, односно 11 јули.

ДИК изборниот материјал до предава на ОИК најдоцна 96 часа пред денот на гласање, а ОИк до избирачкит одбори најдоцна до 24 часот на 12 јули.

На 14 јули освен оние што се во домашен притвор, гласаат и лица што се внатрешно раселени во колективните домови во кои се наоѓаат или прифатните центри, како и лица што се во посебна устава за вонсемејна грижа, по претходна пријава од Управата на установата.

За овие избори поради здравствените протоколи гласањето ќе се одвива од 7 до 21 часот. По затоврање на гласачкото место почува броење на гласовите. ОИК е должна записниците и другиот изборен материјал да ги прими најдоцна по 5 часа по завршување на гласањето.

ДИK првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршување на изборите .

ДИК конечните резултати ги објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот по нивната конечност.

Заштита на избирачкото право

Избирачите на кои им е повредено избирачкото право во рок од 24 часа поднесуваат приговор до ОИК. ДИК е должна да донесе одлука во рок од 4 часа. Против оваа одлука може да се поднесе тужба до Управен суд во рок од 24 часа по приемот на решението. Управниот суд е должен да постапи по тужбата во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Приговор на постапката на гласање од подносител на листа се поднесува во рок од 48 часа по завршување на гласањето, а приговор за постапка на сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по објавување на првичните резултати. ДИК е должна во рок од 72 часа да донесе одлука по приемот на приговорот. Против одлуката на ДИК може во рок од 24 часа, по приемот на решението, да се поднесе тужба до Управен суд.

Едукација

Кампањите на ДИК за едукација на гласачите е за остварување на избирачкото право и за фер и демократски избори. Радиодифузерите, печатените и електронските медиуми што се финасирани за платено политичко рекламирање од буџетот на државата се должни да ги емитуваат, односно објавуваат едукативните кампањи без надоместок. Едукативните информации за граѓаните поврзани со изборниот процес се емитуваат и објавуваат во пристапен и достапен формат и јазик, вклучувајќи го и знаковниот јазик во 30 секунди на секои 3 часа. ова треба да биде одвоено од друг тип на рекламирање и јасно означено дека се работи за бесплатна реклама и кој е нарачател на истата.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    124 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ