• Latest

Изборниот штаб на Трамп ги смета за безвредни обвинувањата за заговор на демократите

April 21, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборниот штаб на Трамп ги смета за безвредни обвинувањата за заговор на демократите

April 21, 2018 10:08
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Штабот на изборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп ја нарече „сосема безвредна” тужбата која  ја поднесе Демократската партија, во која кампањата на Трамп, заедно со Викиликс и Русија, се обвинува за заговор со цел да се влијае на исходот на претседателските избори во САД 2016 година.

Во соопштението на „Доналд Трамп за претседател” се вели дека тужбата на демократите „ќе биде отфрлена во догледно време”.

„Оваа лекомислена тужба е последен обид за поткрепување на неоснованите обвиненија за заговор со Русија, која ја изведува речиси банкротираната Демократската партија и натаму обидувајќи се да се спротивстави на волјата на народот (искажана) на претседателските избори во 2016 година“, се вели во соопштението.

Демократска партија вчера поднесе тужба против Русија, изборната кампања на претседателот Доналд Трамп и „Викиликс“ за заговор со намера попречување на претседателските избори во САД во 2016 година. 

Демократите, во тужбата поднесена до Федералниот суд во Менхетн, наведуваат дека високи официјални лица од кампањата на Трамп направиле заговор со Владата на Русија и нејзината воена разузнавачка агенција, со цел да и наштетат на демократската кандидатка Хилари Клинтон и го нарушиле изборниот процес со хакирање на компјутерскиот систем на Демократската партија.

Тие бараат отштета, чиј износ не е наведен, како и издавање налог, со кој би се спречило ново хакирање на компјутерот на демократите.

Тужбата е поднесена против синот и зетот на Трамп, Доналд Трамп Јуниор у Џаред Кушнер и против неговиот соработник Роџер Стоун.

Преку овој правен процес Демократската партија има намера да ги принуди тужените да достават документи за расветлување на заговорот и соработката.

Трамп во повеќе наврати негираше дека неговиот изборен тим бил „во дослух со претставници на руската Влада“.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Демократска партијаДоналд Трампзаговоризбориобвинувања
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result