• Latest

Изборот на ДИК го отвора патот за организирање на есенскиот референдум

July 26, 2018
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

June 29, 2025
Фото: Скриншот Х

Десетици приведени, повредени полицајци и граѓани по протестите во Белград

June 29, 2025
Фото: принтскрин Х

Убиени 16 војници во самоубиствен напад во Пакистан, Индија демантира дека е вмешана

June 29, 2025
фото: ВИ

Во израелскиот напад врз затворот Евин, во Техеран, загинаа 71 лице

June 29, 2025

Белград, протести и паралели: Меѓу симболите од минатото и потрагата по иднината

June 29, 2025
Фото: Скриншот од видео на Фејсбук страната на Budapest pride

Парада на гордоста во Будимпешта: Десетици илјади луѓе излегоа на протест против репресивниот закон на Орбан

June 28, 2025
Белград, протести. Фото: Скриншот

Тензично во Србија пред протестот против Вучиќ во Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана уништени од украински дронови на аеродромот во Крим

June 28, 2025

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Изборот на ДИК го отвора патот за организирање на есенскиот референдум

July 26, 2018 08:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието синоќа го избра новиот состав на Државната изборна комисија (ДИК), со што конечно и формално се создаваат услови за организирање и реализирање на најавениот есенски референдум за Договорот со Грција. 

Се очекува во сабота или во понеделник да се одржи нова седница на која Собранието ќе го распише референдумот кој, како што е најавено, би требало да се одржи на 30 септември.

Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека верува оти до 30 јули Собранието ќе донесе одлука за распишување на референдумот, кој, како што изјави, ќе биде организиран и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор, за што, во тек се разговори на парламентарно ниво.

Во случај да не се постигне договор со ВМРО-ДПМНЕ очекува соодветно позиционирање на нивните пратеници за одлуките за распишување на референдумот, но и пред јавноста. Тие, според Заев, мора да кажат кој им е ставот, дали ќе бидат за бојкот, тивок бојкот, за повик за референдум, а да гласаат против, ќе бидат за повик, а граѓаните слободно да одлучуваат.

– Тоа е нивно право, но должност на сите е да обезбедат процесот да биде успешен, изјави Заев.

Премиерот кажа дека тие се отворени за расправа за прашањето дали референдумот да биде консултативен или обврзувачки.

– На крајот одлуката е задолжителна затоа што граѓаните теоретски може да излезат милион, а ако 600 илјади гласаат за, а 400 илјади гласаат против тогаш политичарите ја спроведуваат одлуката, гласаат во Парламентот и постигнуваме консензус. Ако излезат милион гласачи, 600 илјади се против, а 400 илјади се за, тогаш не важи Договорот со Грција. Ако излезат 800 илјади гласачи, 600 илјади гласаат за, а 200 илјади се против тогаш граѓаните не донеле одлука. Ако нема исполнет цензус нема одлука како што е по Уставот и тогаш останува институциите да одлучат, Парламетнот да гласа за уставни промени или да гласа против уставни промени, рече Заев.

Проблемот, според него, е околу референдумското прашање затоа што, како што рече, чесно, јасно образложливо, едноставно и фер кон граѓаните е да им се соопшти прашање кое што е основ за постигнување на Договорот со Грција за нашите интеграциски перспективи.

– Затоа, поставивме прашање-дали сте за членство во ЕУ и НАТО преку поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Од опозицијата добивме контра прашање  кое гласи – дали сте за поддршка на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција потпишан од министерот Никола Димитров и Никос Коѕијас во Серадес (Нивици), кој што целосно го уништува македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската култура и македонската национална посебност. Тоа не е точно и ние не можеме да поставиме такво прашање на граѓаните, рече Заев.

Премиерот апелира референдумот да се одржи како успешен процес и притоа да се гарантира валидност и вреднување и на тие што ќе гласаат за и на тие што ќе гласаат против.

– Ајде да овозможиме овој референдум да биде успешен процес. Ако јас гласам за, а Христијан Мицкоски гласа против, моето за мора да биде исто вредно како неговото не, оти тој има една алатка повеќе – да ги задржи гласачите дома, барем неговите членови, и тогаш е безвредно моето за, рече Заев.

Седница на Собрание

На синоќешната собраниска седница членовите на привремениот состав на ДИК беа изгласани со 100 гласа „за“, експресно и без дискусија, по стариот модел според кој првиот човек на Комисијата е предложен од најголемата опозициска партија. Беа донесени и измените и дополнувањата на Изборниот законик (99 гласа „за“) и на законите за Влада и за финансирање на политичките партии (со по 101 глас „за“), по скратена постапка, договорени на понеделничката лидерска средба во Клубот на пратениците. Решенијата од овие три закони кои беа услов на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, всушност значеше и деблокирање на изборот на ДИК.

За претседател на ДИК е избран Оливер Дерковски предложен од ВМРО-ДПМНЕ, а Дитмире Шеху од ДУИ за потпретседател. Елизабета Постоловска од ВМРО-ДПМНЕ, Јанакие Витановски, Борис Кондарко и Радица Ристеска од СДСМ, како и Енвер Салиу од Беса ќе бидат членови на ДИК.

Првично седница за овие точки на дневниот ред беше најавена за понеделникот вечерта, но и покрај изјавите на лидерите, имаше несогласувања меѓу парламентарните партии и седницата не се одржа. Пратениците од сите политички партии до после полноќ беа во зградата на Парламентот чекајќи седницата да биде закажана, но договор изостана. Така, откако беше постигнат финален договор и беше деблокиран изборот на ДИК, претседателот на Собранието Талат Џафери ја свика вчерашната пленарна седница.

По гласањето синоќа Џафери апелираше до политичките партии во иднина за се што ќе се договорат до Парламентот да достават официјални материјали за да може да се постапува по нив. Тој, исто така, ги демантираше информациите во дел од медиумите дека седница не била свикана поради негови семејни причини, туку, како што потенцираше, тоа било поради тоа што немало договор меѓу партиите.

– Она што во иднина ќе го договорат политичките партии соодветно во писмена форма да го достават како официјален материјал до Собранието за да може Собранието да постапи. Очекувам дека наредните разговори што се одвиваат во однос на референдумот да го немаат истиот крај, туку навремено тоа што ќе го договорат партиите да го достават како соодветен предлог за да може Собранието да се изјасни по прашањето, истакна Џафери. Тој додаде дека кога се во прашање интересите на граѓаните Собранието ќе работи во кое било време од денот и ноќта и во кој било ден. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ