Министерот за одбрана на Израел одобри план за освојување на Газа и одобри повикување на околу 60.000 резервисти за да го спроведат, потврди неговото министерство во среда.
Потегот на министерот за одбрана Израел Кац, потврден за АФП од портпарол, го зголеми притисокот врз Хамас, додека медијаторите кои се залагаат за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа чекаат официјален израелски одговор на нивниот последен предлог.
Како што пренесуца АлЏезира, роднините на израелските заробеници држени во Газа го осудија одобрувањето од страна на израелското Министерство за одбрана на планот за освојување на Газа и ја обвинија владата дека го игнорира предлогот за прекин на огнот одобрен од Хамас, велејќи дека тоа е „удар во срцето на семејствата и јавноста во Израел“.
Во меѓувреме, тимот на АлЏезира на терен пријави „постојан прилив на семејства кои се упатуваат кон југ од Газа“ и покрај тоа што нема безбедно место никаде во енклавата.
Д. Мишев