• Latest

Израел ослободи 183 затвореници Палестинци во четвртата фаза размена

February 1, 2025

ИНРМ: ЕВН е должна по автоматизам да врши корекција на паушалните сметки

September 12, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

Собранието ќе ја одржи 68. седница, на дневен ред и Предлог-декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 12, 2025
Фото: Мета

Скопје утрово во магла и високо загаден воздух со ПМ честички

September 12, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

ДЗС: Се уште има чадење од Дрисла, дивата депонија Вардариште е целосно изгасната

September 12, 2025
Фото: веб страна на НАТО

НАТО ја зајакнува одбраната откако руските дронови беа соборени над Полска

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео ВВС

(ВИДЕО) Објавена снимка како осомничениот за убиството на Чарли Кирк бега од местото на настанот, потрагата продолжува

September 12, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро осуден на 27 години затвор за заговор за државен удар

September 12, 2025

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Израел ослободи 183 затвореници Палестинци во четвртата фаза размена

February 1, 2025 18:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Автобус со Палестинци затворени во израелските затвори пристигна денеска напладне во Бетунија, на окупираниот Западен Брег, како дел од четвртиот круг размена на затвореници за израелски заложници врз основа на договорот за прекин на огнот во Газа меѓу Хамас и Израел.

Претходно, палестински Хамас денеска ослободи тројца израелски заложници. Набргу потоа, Палестинците го напуштија израелскиот воен затвор Офер, што се наоѓа во близина на Бетунија.

Палестинците се дел од групата од 183 затвореници кои Израел денеска ги ослободи во замена за тројцата заложници, ослободени претходно во Газа. Меѓу ослободените Палестинци има 72 лица осудени на доживотен затвор или долги затворски казни, како и 111 Палестинци уапсени од Израел во Појасот Газа по нападот на Хамас против Израел на 7 октомври 2023 година, кој ја предизвика војната.

Ова е четврти круг на размена од почетокот на прекинот на огнот на 19 јануари меѓу Израел и палестинското исламистичко движење Хамас, по 15 месеци разорна војна во Газа.

Од почетокот на прекинот на огнот, разменети се 15 заложници – 10 Израелци и пет Тајланѓани и 400 Палестинци од израелските затвори.

Во текот на шесте недели од првата фаза на примирјето, треба да бидат ослободени најмалку 33 заложници, меѓу кои и осум мртви, а Израел треба да ослободи околу 1.900 Палестинци од своите затвори.

Околу 80 заложници се уште се во Газа, а се верува дека една третина од тој број се мртви. Хамас потврди дека осум од 33-те заложници планирани за ослободување во првата фаза од прекинот на огнот се мртви.

Израел и Хамас следната недела треба да започнат со преговори за втората фаза од примирјето, при што треба да бидат ослободени преостанатите заложници, а примирјето да се продолжи на неодредено време. Војната би можела да продолжи на почетокот на март доколку не се постигне договор.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ