• Latest

Израел уби најмалку 40 лица во Газа, тенковите пробиваат на северот

October 15, 2024
Илустрација. ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (2): „Ние знаеме што правиме“ – избирачките одбори пречка во работата на набљудувачите на ЦИВИЛ

November 12, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Лукоил во цајтнот, нема одговор за судбината на македонската подружница со 550 вработени и 40 бензински пумпи

November 12, 2025
Презентацијата на рускиот робот со вештачка интелигенција сличен на човек - падна додека одеше на сцената.. скриншот од X/@Gerashchenko_en

(ВИДЕО) Првиот руски хуманоиден робот падна на сцената за неколку секунди од презентацијата

November 12, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Њујорк Тајмс: Жените -лидерки во светот, „железните дами“ на десницата

November 12, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ: Информациска војна и пропаганден екосистем во Северна Македонија

November 12, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

Загреб го забрани поздравот „За дом спремни“ на концертите и јавните настани во градот

November 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Стармер ќе се бори против обидите за негова замена како лидер на Лабуристичката партија

November 12, 2025
Војниците на ИДФ дејствуваат на источната страна од Жолтата линија во Кан Јунис во јужна Газа, на фотографија од брошурата објавена на 9 ноември 2025 година. Фото: ИДФ

Кушнер и Нетанјаху сè уште бараат решение за застојот со терористите на Хамас во тунелите во Рафа

November 12, 2025
Демонстрантите се судрија со обезбедувањето на местото на одржување на COP30 во Бразил. Скриншот од видео на ВВС

Домородни демонстрантите упаднаа на COP30 во Бразил носејќи транспаренти „нашите шуми не се на продажба“

November 12, 2025
Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

Графикон на неделата: Европа стана најголемиот купувач на американско оружје додека руската закана расте

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО ГАЗА

Израел уби најмалку 40 лица во Газа, тенковите пробиваат на северот

October 15, 2024 12:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО ГАЗА, КОНФЛИКТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во израелските воени напади загинаа најмалку 40 Палестинци низ Појасот Газа додека во текот на денешниот ден израелските сили ја зајакнаа својата контрола околу Џабалија на северот од енклавата, во услови на жестоки битки со борците предводени од Хамас, пренесува Ројтерс.

Претходно утрово, израелски воздушен напад уништи три куќи во предградието Сабра во градот Газа, а локалната служба за цивилна итна помош соопшти дека извлекла две тела од местото, додека потрагата продолжила по 12 други лица за кои се верува дека биле во куќите за време на нападот.

Пет други беа убиени кога беше нападната куќа во кампот Нусејрат во центарот на Газа.
Џабалија е во фокусот на израелската офанзива повеќе од 10 дена, при што војниците се вратија во областите на северот кои беа под силно бомбардирање во првите месеци од едногодишната војна.

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации во вторникот соопшти дека израелската војска изгледа дека „целосно ја отсекува Северна Газа од остатокот од Појасот Газа“.

Израелската војска сега го опколи кампот Џабалија и испрати тенкови во блиските градови Беит Лахија и Беит Ханун, со декларирана цел да ги истисне борците на Хамас кои се обидуваат да се прегрупираат таму.

Израелската војска им порача на жителите да ги напуштат своите домови и да се упатат на безбедно во јужниот дел на Газа. Палестински и претставници на ОН велат дека нема безбедно место во Газа.

Во понеделникот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш ја осуди бројката на цивилни жртви во северниот дел на Газа.

Израел ја започна офанзивата против Хамас по нападот на милитантната група врз Израел на 7 октомври, во кој беа убиени 1.200 луѓе, а околу 250 беа земени како заложници во Газа, според израелски извори. Според здравствените власти на Газа, во офанзивата досега се убиени повеќе од 42.000 Палестинци.

А.М.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ