• Latest

Израелската полиција ја нападна поворката за убиената новинарка на Ал Џазира

May 14, 2022

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Израелската полиција ја нападна поворката за убиената новинарка на Ал Џазира

May 14, 2022 11:50
in ВЕСТИ, СВЕТ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Израелската полиција за брзо распоредување ги нападна и ги тепаше луѓето на вчерашната поворка за убиената новинарка на Ал Џазира, Ширин Абу Аклех во Ерусалим, предизвикувајќи привремено луѓето да го испуштат ковчегот, пренесува Слободен печат.

Сцените на насилство дополнително го влошија бесот низ арапскиот свет кој следеше по смртта на новинарката која беше убиена од израелската војска во средата за време на нивна акција во окупираната територија Западен Брег.
Илјадници луѓе со палестински знамиња беа присутни на погребот на новинарката. Од групата можеа да се слушнат извици како „Палестина! Палестина!“. Се смета дека ова е најголем палестински погреб во Ерусалим уште од смртта на Фајсал Хусеини, палестинскиот лидер кој почина во 2001 година.

Пред погребот голем број луѓе се собраа во поворката која го носеше ковчегот од болницата во источен Ерусалим до католичката црква во соседниот Стар Град. Набрзо потоа израелската полиција започна да ги турка и да ги удира насобраните луѓе. Безбедносните сили ги одземаа палестинските знамиња од рацете на луѓето и употреби шок-бомби за да го растури собирот.

Од Ал Џазира во соопштение до јавноста оваа полициска акција ја карактеризираа како „кршење на сите меѓународни норми и права“.

„Израелските окупаторски сили ги нападнаа оние кои жалеа за покојната Ширин Абу Аклех со рација на болницата во Ерусалим, каде силно ги тепаа носачите на ковчегот“, рекоа од Ал Џазира, додавајќи дека остануваат посветени на пренесување на вестите од овој регион.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, сликите кои пристигаа од Ерусалим ги нарече „многу вознемирувачки“.

По нападот, израелската полиција го следеше ковчегот кој беше сместен во црно комби, отстранувајќи ги палестинските знамиња од возилото додека се движеше на патот до црквата.

51-годишната Абу Аклех беше позната во арапскиот свет, синоним за известувањето на Ал Џазира за животот на Палестинците под израелска власт. Искусната новинарка во Палестина имаше статус на локален херој.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ