Нова флотила што пловеше кон Појасот Газа со храна и медицински материјали беше пресретната од израелските сили, пренесува Би-би-си.
Флотата, составена од девет брода и 150 луѓе, беше запрена во меѓународни води, според Коалицијата „Флотила на слободата“ и „Тајдајд Мадлинс за Газа“, кои заеднички ја водат операцијата.
„Уште еден залуден обид за пробивање на законската поморска блокада и влегување во борбена зона заврши безуспешно“, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
Минатата недела, израелската војска запре конвој од 42 брода со помош со 479 пропалестински активисти на бродот. Повеќето од нив, вклучувајќи ја и шведската активистка за климатски промени Грета Тунберг, беа приведени, а подоцна депортирани, но 138 остануваат во притвор.
Организаторите на новиот обид првично изјавија дека три од нивните бродови биле пресретнати во раните утрински часови во среда, 120 наутички милји од брегот на Газа.
За неколку часа, систем за следење во живо покажа дека сите девет брода биле запрени.
Израелската влада соопшти дека „Бродовите и патниците се префрлени во израелско пристаниште. Сите патници се безбедни и во добра здравствена состојба“, соопшти израелската влада.
„Се очекува патниците да бидат депортирани веднаш“.
150-те патници доаѓаат од различни земји, вклучувајќи ја и Турција, чие министерство за надворешни работи ја нарече интервенцијата „тешко кршење на меѓународното право“ и „чин на пиратство“.
Д. Мишев