• Latest
Фото: Скриншот од твит на Швајцарска амбасада

Изрази на сочувство за жртвите од пожарот во Кочани пристигнуваат од сите страни, Србија го прогласи вторник за Ден на жалост

March 16, 2025
Германски и советски војници фотографирани заедно неколку дена откако советските единици влегоа во Полска. Фото: Јавен домен / Wikicommons

Пропаганда и негирање: Како Русија ја правда својата инвазија на Полска во 1939 година, во договор со Хитлер

September 17, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Под контрола пожарите во селото Трубарево и во Дрисла, активни пожарите во селата Виниче, Петрово, Вражале и Крушево

September 17, 2025
Дел од „пакетот“ американска воена помош за Украина, 20 јануари 2022 година. (photo source: Wikimedia Commons / photo by Mauricio Campino)

Администрацијата на Трамп одобри прва помош во оружје за Украина финансирана од НАТО сојузниците

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

ЕУ крои план за ограничувања на трговијата со Израел поради војната во Газа

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Руските војници почнаа да ја напуштаат Белорусија по вежбите „Запад-2025“

September 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Поранешна шефица за здравство на САД: РФК помладиот ме отпушти кога не сакав да отпуштам персонал за вакцинирање без причина

September 17, 2025

24 ЧАСА: Уставен не поведе постапка за Правилникот на ДИК; Србија прва во ЕУ по кршења на медиумската слобода; Навални бил отруен; Фемицидот во Северна Македонија – невидливо злосторство и глуви институции

September 17, 2025
Фото: Скриншот

MFRR: Србија е на прво место во Европа по бројот на кршења на слободата на медиумите

September 17, 2025

„Стела“ повикува на протест пред МВР против колективниот системски крах кој дозволува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди

September 17, 2025
Тануја Пандеј, 24-годишна активистка за заштита на животната средина, една од организаторите на протестот. Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Политичарите се богатат додека ние страдаме – Генерацијата Z во Непал ја собори владата за помалку од 48 часа

September 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Изрази на сочувство за жртвите од пожарот во Кочани пристигнуваат од сите страни, Србија го прогласи вторник за Ден на жалост

March 16, 2025 12:50
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Фото: Скриншот од твит на Швајцарска амбасада

Фото: Скриншот од твит на Швајцарска амбасада

Share on FacebookShare on Twitter

Пораки со изрази на сочувство пристигнуваат од сите страни. Највисоките претставници на институциите на Европската Унија, претседатели и премиери на држави, амбасадори во земјава претпладнево изразија жалење за синоќашна трагедија во Кочани и изразија сочувство за жртвите, додека Владата на Србија го прогласи вторник за Ден на жалост за жртвите од пожарот во Кочани.

Амбасадата на Швајцарија во земјава објави твит во кој се вели:

..Шокирани сме и длабоко тажни од веста за трагичниот настан во Кочани.

– Нашите мисли се со семејствата на жртвите. На повредените им посакуваме брзо закрепнување, се вели во објавата на Х потпишана од амбасадорката Вероник Улман.

Амбасада на Швајцарија изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изрази сочувство за големата трагедија во Северна Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош.

– Со длабоко чувство на тага им го пренесувам моето сочувство на браќата и сестрите од Северна Македонија за големата трагедија во Кочани. Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна загуба. Исто така, во име на Албанија и Албанците го пренесувам моето сочувство до премиерот Мицковски и властите на соседната земја, изразувајќи ја нашата подготвеност за каква било помош што е потребна, напиша Рама на Х.

Рама и Бегај изразија сочувство за големата трагедија и подготвеност за каква било помош која е потребна

Искрено и длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски и до сите граѓани на Северна Македонија изрази и шефот на албанската држава Бајрам Бегај.

– Моите молитви и молитвите на албанскиот народ се упатени кон повредените, тие брзо да закрепнат и болката во градот Кочани да не се зголемува, напиша Бегај во објава на Х.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изрази сочувство до  претседателката Гордана Силјановска-Давкова за трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

„На претседателката Гордана Силјановска-Давкова и изразив искрено сочувство по повод страшната трагедија во Северна Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија кои сочувствуваме со семејствата на жртвите и со целиот народ на оваа братска земја“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

„Понудив, во име на Србија, а претседателката на Северна Македонија прифати, да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства, медицински тимови, како и да примиме во болниците во Србија голем број од повредените во трагедијата во Кочани“, додаде тој.

На крајот од објавата на Инстаграм српскиот претседател наведе дека „ Ја информирав претседателката дека Србија ќе го прогласи 18 март за Ден на жалост за трагедијата и изразив уверување дека народот на братска Северна Македонија, со силата и солидарноста што секогаш ја покажувал, ќе успее да ја надмине оваа голема трагедија и да најде начин да закрепне.

Бугарија ја споделува болката на граѓаните на Република Северна Македонија за пожарот во Кочани, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе, напиша на Х бугарскиот претседател Румен Радев.

Како што пренесе БТА, шефот на бугарската држава во разговор со претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова изрази сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски.

– Во контакт сум со премиерот Жељазков и Бугарија е подготвена да пружи медицинска помош, изјави Радев.

Бугарија понуди помош за лекување на повредените од пожарот во Република Северна Македонија, во кој загинаа најмалку 50 лица, напиша бугарскиот премиер Росен Жељазков на Фејсбук. Тој нареди целосна подготвеност за прием во клиничките установи во градовите Софија и Варна.

Бугарското воено воздухопловство е подготвено да ги превезе оние на кои им треба лекување доколку е потребно, прецизира Жељазков.

– Пожарот во дискотека во Кочани е огромна човечка трагедија. Им изразувам сочувство на семејствата на загинатите и мои најдобри желби за оздравување на повредените, додаде бугарскиот премиер.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев утрово телефонски разговорал со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски. За време на разговорот, Георгиев изразил искрено сочувство од бугарската влада и народ до семејствата и блиските на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, соопшти Министерството за надворешни работи во Софија.

Министерството за надворешни работи на Бугарија изразува длабоко сочувство до братскиот народ на Република Северна Македонија во врска со трагичниот инцидент, се наведува во информацијата. Шефот на бугарската дипломатија изрази надеж за брзо закрепнување на повредените и ја истакна подготвеноста на неговата земја да пружи помош и помош за лекување на повредените на територијата на Бугарија.

Во овој тежок момент за Република Северна Македонија, бугарската страна ја нагласува важноста на солидарноста и добрососедските односи меѓу двете земји во тешки времиња и останува подготвена да обезбеди дополнителна помош доколку е потребно, додаваат од бугарското МНР.

Сочувство за трагедијата во земјава изразија и бугарските политичари и партиски лидери.

– Во телефонскиот разговор со премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, изразив најискрено сочувство до роднините на загинатите во пожарот во дискотека во градот Кочани, напиша на Фејсбук претседателот на ГЕРБ, Бојко Борисов.

– Во најтешките моменти остануваме заедно на колегата му понудив помош и соработка која Бугарија може да ја укаже. Бог да ги прости загинатите. Се молам за брзо закрепнување на повредените, напиша Борисов.

Како добри соседи, Бугарија и Бугарите мора да помогнат во овој тежок момент, изјави Дељан Пеевски, претседател на пратеничката група на „Движење за права и слободи – Нов почеток“.

– Огромната трагедија која однесе десетици животи во пожарот во дискотеката во Кочани, Северна Македонија, го потресе нашиот заеднички дом – Балканот. Изразувам искрено сочувство до семејствата и најблиските на загинатите млади луѓе и посакувам брзо закрепнување на повредените, изјави тој.

Во овој тежок момент, Бугарија е со вас – со своите мисли, со поддршка и со подготвеност да помогне, напиша лидерот на БСП Атанас Зафиров во врска со трагичната несреќа во Кочани. Во писмо со сочувство, тој изрази длабоко сочувство за семејствата и најблиските на загинатите, нагласувајќи дека Бугарија ја знае болката од ваквите трагедии и добро разбира колку е тешко да се преброди ваква тешка загуба.

– Во овој тежок момент, ја споделуваме болката на народот на Република Северна Македонија и се молиме за брзо закрепнување на сите погодени, се вели во објавата на Фејсбук на Партијата за демократски права и слободи – ДРФ. Ваквите трагедии нека не потсетуваат на важноста на соработката и солидарноста меѓу нашите народи, истакнаа од МРФ-ДПС.

– Во име на МРФ изразуваме најискрено сочувство до семејствата и најблиските на починатите, соопштија од политичката партија.

Највисоките претставници на институциите на Европската Унија претпладнево изразија жалење за синоќашна трагедија во Кочани и изразија сочувство за жртвите.

– Срцето ми е скршено од загубата на толку млади луѓе во страотниот пожар во Кочани. Моите мисли се со сите семејства на жртвите од оваа трагедија, наведе претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта во објава на Икс.

Тој додаде дека „ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во овој момент на тага“.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола порача дека нејзините мисли „утрово се со народот на Северна Македонија и со семејствата и пријателите на сите оние кои ги загубија животите во страшниот пожар што избувна минатата ноќ во Кочани“.

– На сите повредени им посакувам брзо закрепнување. Европа тагува со вас на овој трагичен ден, наведе Мецола во објава на Икс.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас изрази „длабоко жалење за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани“.

Длабока жалост за трагичниот пожар, кој однесе премногу млади животи во Кочани, наведе Калас во објавата. 

Таа во објава на Икс изрази сочувство до „сите погодени од оваа трагедија“, а на повредените им посака брзо закрепнување.

– ЕУ ја споделува тагата и болката на народот во Северна Македонија, додаде Калас.

„Длабока тага“ поради трагедијата во Кочани и сочувство за жртвите изрази и еврокомесарката за проширување Марта Кос во објава на Икс.

Моите мисли се со жртвите, нивните најблиски и целата Северна Македонија за време на оваа страшна трагедија!“, напиша Кос.

Длабоко натажени од трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе, наведе Кос во објава на Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани.

– Моето најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време, напиша Фон Дер Лајен на Х.

Фон Дер Лајен: ЕУ се солидаризира со народот на Северна Македонија во ова тешко време

Длабоко сум тажна поради трагичниот пожар во Кочани, Северна Македонија, кој однесе животи на толку многу млади луѓе, напиша на Х претседателката на Република Словенија Наташа Пирц Мусар.

Таа изрази длабоко сочувство до семејствата на жртвите, пријателите и целата заедница погодена од овој катастрофален настан.

– Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија, додаде Мусар.

Мусар: Во ова време на длабока тага, Словенија се солидаризира со Северна Македонија

Со неверување ја примив веста за трагичниот настан во градот Кочани, Северна Македонија, напиша на Х претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Тој во име на граѓаните на Црна Гора и во негово лично име изрази најискрено сочувство до семејствата на загинатите, претседателката Гордана Силјановски Давкова и до сите граѓани на Северна Македонија.

– Занемени поради оваа трагедија, длабоко сочувствуваме и ја споделуваме тагата со нашите пријатели во Северна Македонија, наведе Милатовиќ.

Премиерот и претседателката на Косово изразија сочувство за жртвите од трагедијата во Кочани.

Со длабока тага дознав за катастрофалната загуба на 51 живот во Кочани, Северна Македонија, како последица на трагична експлозија на пожар во ноќен клуб, напиша на Х премиерот на Косово Албин Курти.

Тој изрази длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, како и до лидерите и владата на Република Северна Македонија и на целата земја во ова време на тага.

На повредените им посака брзо и целосно закрепнување.

Премиерот на Косово изрази сочувство за трагедијата во Кочани

Потресни вести од Кочани, Македонија. Загубата на толку многу млади животи е трагедија која не може да се искаже со зборови, напиша денеска на Х претседателката на Косово Вјоса Османи.

Таа изрази сочувство и во името на косовскиот народ велејќи дека се со семејствата на жртвите и со целиот народ на Македонија во ова тешко време.

– Вие сте во нашите мисли и молитви- напиша Османи.

Претходно, ЦИВИЛ Медиа ги објави и пораките со сочувство и поддршка до македонскиот народ од претседателот Зеленски и украинското раководство, од амбасадорката на САД, Анџела Агелер и британскиот мабасадор Метју Лосон.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: сочувствотрагедија во Кочани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    240 shares
    Share 96 Tweet 60
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    172 shares
    Share 69 Tweet 43
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ