• Latest

Извештај на ЕК: Северна Македонија е посветена на регионалната соработка, останува важно спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија

October 31, 2024

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Извештај на ЕК: Северна Македонија е посветена на регионалната соработка, останува важно спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија

October 31, 2024 12:51
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Добрососедските односи и регионалната соработка се сметаат за суштински дел од процесот на европска интеграција на Северна Македонија, бидејќи придонесуваат за стабилност, помирување и клима погодна за решавање на отворените билатерални прашања и наследството од минатото, оценува Европската комисија.

Во новиот Извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија на патот кон ЕУ во овој сегмент се нотира дека земјата продолжи да се ангажира во голем број регионални иницијативи за соработка како што се Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Енергетската заедница, Транспортната заедница и Регионалниот совет за соработка. Во јули 2023 година, земјава го презеде едногодишното претседавање со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, а исто така, активно учествуваше во иницијативи како што се Централноевропската иницијатива и Центарот за безбедносна соработка.

Државата е оценето дека активно се вклучила во регионалната димензија на Планот за раст за Западен Балкан, активно учествувала и на министерските и на лидерските состаноци и била домаќин на состанокот на лидерите во февруари во Скопје.

На Заедничкиот регионален пазар, во октомври 2023 година за прв пат во регионот во Тирана се одржа Самитот на Берлинскиот процес. Донесен е договор за признавање на професионални квалификации за медицински сестри, ветеринарни хирурзи, фармацевти и акушерки. Патоказот за роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ влезе во првата фаза на имплементација. Земјава ратификуваше три од четири договори за мобилност потпишани на Самитот на Берлинскиот процес во ноември 2022 година и ги депонираше поврзаните инструменти за известување. Заедничкиот комитет на ЦЕФТА во октомври 2024 година договори 12 големи одлуки.

Во јануари 2024 година, се посочува, Северна Македонија, Албанија и Србија го потпишаа првиот Протокол за имплементација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на труд во Западен Балкан.

Генерална оценка е дека државава одржува добра соработка и билатерални односи со другите земји од проширувањето и соседните земји-членки на ЕУ.

За односите со Бугарија и Грција како соседни држави членки на ЕУ, се потенцира дека останува важно спроведувањето со добра волја на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и Договорот од Преспа.

-Односите со Бугарија се фокусираа на следните чекори во процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Опипливите резултати и спроведувањето на билатералните договори со добра волја, вклучително и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговиот Протокол, остануваат важни. Во октомври 2023 година во Скопје се одржаа состаноци на експертските работни групи за следење на спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и неговиот Протокол. Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања одржа неколку состаноци во текот на периодот на известување. Во последните месеци, на односите меѓу двете земји негативно влијаеа изјавите на поединечни политичари. Потребни се дополнителни напори за промовирање на атмосфера на дијалог и меѓусебно почитување, оценува ЕК.

Соработката со Грција, се посочува, се интензивираше, особено во клучните области од заеднички интерес.

-Опипливите резултати и спроведувањето со добра волја на билатералните договори, вклучително и Договорот од Преспа, остануваат важни. Во март 2024 година, во Скопје се одржа осмиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања. Во мај, додека полагаше заклетва во Парламентот, новоизбраниот претседател на Северна Македонија ја нарече земјата како „Македонија“, наместо да го користи уставното име, практика што подоцна ја следеа неколку владини функционери, а која претставува главно прашање во спроведувањето на Договорот од Преспа. Двете земји ја интензивираа соработката за изградба на интерконектор за природен гас меѓу Северна Македонија и Грција и во однос на Терминалот за течен нафтен гас (ЛНГ) во Александруполи, оценува ЕК.

За односите со Албанија, се наведува дека останаа добри. Двете земји прославија 30 години дипломатски односи, а потпишаа и неколку договори за заедничка соработка во повеќе области, вклучувајќи ја безбедноста, одбраната, инфраструктурата, енергетиката, образованието, науката и културата. Со Босна и Херцеговина односите продолжуваат да бидат добри. Во сила се неколку билатерални договори, вклучително и за соработка за интеграција во ЕУ и од ноември 2023 година за економска соработка. Соработката со Косово, се наведува, продолжува да биде сеопфатна и конструктивна, со неколку состаноци одржани на највисоко ниво. Пред претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија во мај 2024 година, премиерот на Косово Курти се сретна со претставници на опозициските партии.

Односите со Црна Гора останаа добри. Во текот на извештајниот период беа одржани средби на високо ниво меѓу претставниците на двете земји. Земјава има добри односи и со Србија со која беа потпишани Меморандум за соработка за брзата пруга Скопје-Ниш и Меморандум за соработка за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси. Односите со Турција се добри. Северна Македонија отвори почесен конзулат во Амасија и во Анталија. Средби на високо ниво помеѓу претставници беа одржани во текот на извештајниот период. Во септември 2024 година, турскиот министер за надворешни работи го посети Скопје и се сретна со својот колега, изразувајќи ја целта за зајакнување на економската соработка и зајакнување на трговската размена меѓу двете земји.

За односите со Украина се посочува дека се интензивирале откако Русија ја започна својата агресивна војна против земјата. Северна Македонија обезбеди хуманитарна и воена помош и е целосно усогласена со пакетот рестриктивни мерки на ЕУ против Русија. Скопје и Киев имаат договори за трговија, заштита на инвестициите, култура, образование, туризам, транспорт и воена соработка. Безвизен режим за краток престој е воведен од 2019 година.

Односите со Грузија се добри. Има договор за култура. Односите со Република Молдавија се исто така добри, двете земји имаат договори за транспорт, трговија, царина, финансии, медицина и здравство, полиција, надворешни работи и конзуларни прашања, а нема договор за безвизен режим меѓу двете земји, се наведува во Извештајот на ЕК за напредокот за земјава на патот кон ЕУ. 

Извор: МИА 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ