• Latest

Извештај на Европска Комисија: Северна Македонија треба да продолжи да испорачува спроведување на реформите поврзани со ЕУ

October 30, 2024
Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Дронови ја нападнале руската црноморска флота, „мистериозна“ експлозија оштетила танкер во руско пристаниште

July 6, 2025
Фото: Роман Шеремета / Фејсбук

Шеремета: Сите Руси имаат колективна одговорност за геноцидот врз украинскиот народ

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
ABC News (Australia)

Антисемитизмот нема место во Австралија – рече премиерот Албанезе и вети преземање строги мерки по нападот со палење на синагога

July 6, 2025
Фото: Веб страната на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски се пишмани, нема данок за немажени и неженети – погрешно бил разбран

July 6, 2025
Фото: Скриншот од Јутарњи лист / Х

(ВИДЕО) Хрватската СДП проговори за усташтвото на концертот на Томпсон: Сведоци бевме на срам од целиот свет

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN-News18

Зошто кинескиот лидер Си Џинпинг го прескокнува овогодинешниот самит на БРИКС?

July 6, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

Канта за смет

July 6, 2025
Генералштабот на Украина пријави напад врз аеродромот Борисоглебск во југозападната Воронешка област, Русија, на 5 јули. Фотографија: Генералштаб / Фејсбук

Украински напад со дронови врз руска воздухопловна база погоди складиште за бомби, авиони – откажани летови на неколку руски аеродроми 

July 6, 2025
Фото: ЦУК / Фејсбук

ЦУК: Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка

July 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговори за Газа и покрај „неприфатливите“ барања на Хамас

July 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Извештај на Европска Комисија: Северна Македонија треба да продолжи да испорачува спроведување на реформите поврзани со ЕУ

October 30, 2024 17:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија треба да продолжи да испорачува спроведување на реформите поврзани со ЕУ, особено во кластерот за фундаменталните вредности, како и судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Треба да се зајакне довербата во правосудниот систем. Скрининг сесиите за сите шест кластери на правото на ЕУ беа завршени во декември 2023 година, се вели во резимето на извештајот за усвојувањето на пакетот за проширување на ЕУ, усвоен денеска во Европската Комисија.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, денеска ѝ го предаде Извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјата за 2024 година на претседателката Гордана Силјљановска-Давкова.

„Постојани и одлучни чекори се неопходни за забрзување на спроведувањето на реформите и напредок во пристапувањето кон Европската Унија“ – Брисел ја испрати пораката до Скопје во извештајот за Северна Македонија, документ кој Европската комисија го изготвува секоја година за секоја од земјите-кандидатки при што не беше пропуштено да се повтори дека во оваа геополитичка ситуација „во интерес на Европа е да продолжи да се проширува“, објави Глас на Америка.

„За нас, проширувањето останува централно за нашиот геополитички пристап. Ова е јасна позиција на оваа комисија.“, изјави Жозеп Борел, виш претставник на ЕУ.

Во извештајот за Северна Македонија се повторува дека меѓупартиската соработка е суштинска за исполнување на европската агенда, истовремено потенцирајќи ја и потребата од спроведување на преземената обврска за уставни измени за кои, како што се наведува, нема каков било напредок.

За некои од клучните области како што се судството и борбата против корупцијата Комисијата заклучува дека Северна Македонија се наоѓа меѓу имање некое ниво на подготвеност и умерено ниво на подготвеност. Конкретно за судството се нотира дека има ограничен напредок, иако се бара изпорачувањето на правдата да биде подобрено, додека за борбата против корупцијата оценката е дека нема напредок. Во овој дел препораките се дека мора да се донесе нов Кривичен законик во согласност со ЕУ-стандардите, како и да се подобрат резултатите во случаите на корупција на високо ниво.

За разлика од ова, комисијата гледа некаков напредок во сферата на справувањето со организираниот криминал, притоа повикувајќи на подобрување на ефектот на истрагите, обвиниенијата и пресудите поврзани со овој тип на кривични дела.

За слободата на изразувањето Брисел смета дека бил постигнат само ограничен напредок и се повикува на ланските препораки.

Во сегментот на економијата во извештајот се заклучува дека Северна Македонија направила одреден напредок и има постигнато добро ниво на подготвеност за создавање функционална пазарна економија, но затоа пак за компетитвнсота се смета дека нема каков било напредок.

Земјава добро стои во делот на надворешната и безбедносна политика и се оценува дека има добро ниво на подготвеност, притоа се повикуваат властите да останат на целосната усогласеност со европските политики.

„Функционирањето на демократските институции е претежно задоволително. Ситуацијата беше поларизирана во периодот пред изборите во април и мај 2024 година“, е оценката за изминатите двојни избори.

Извештајот што првично беше презентиран во Брисел, подоцна евроамбасадорот Михалис Рокас, во Скопје, му го врачи на државно-владиниот врв – на претседателката, спикерот и на премиерот.

Извори: Глас на Америка; Европска Комисија

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Канта за смет

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ