Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС) објави извештај „Доверба во Владата и локални избори – ставови на јавноста 2021“ во рамки на анектните истражувања што за нив ги спроведе агенцијата М-Проспект.
Анкетирањето на граѓаните е направено преку телефонскаанкета, на повеќеслоен стратификуван примерок од 1003 испитаници постари од 18 години, национално репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и место на живеење. Анкетирањето е правено на македонски и на албански јазик во период од 17 до 24 март. Сите резултати се подложнина статистичка грешка од ±3,0% со прифатливо ниво на доверба од 95%.
Клучни наоди од истражувањето:
Малцинство од граѓаните (42,0%) имаат доверба во Владата. Меѓу нив, побројни се етничките Албанци (61,8%) и припадниците на другите заедници (51,5%).
Три четвртини од граѓаните се согласни дека земјата е во политичка криза. Симпатизерите на ВМРО–ДПМНЕ (87,6%) и неопределените (78,6%) се побројни меѓу нив.
Предвремените парламентарни избори се најчесто посочувано решение од испитаниците (36,0%), но не и мнозинско. Околу ¼ веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата.
За етничките Македонци предвремените парламентарни изборисе почесто биран одговор, (42,4%), а етничките Албанци повеќе веруваат дека Владата има сила да продолжи и да се справи со кризата (47,0%).
Граѓаните се поделени во ставот за вклучување на етничката припадност во личните карти, односно, 49,7% се согласуваат, а 48,7% не се согласуваат. Поддршката е поизразена кај етничките Албанци (83,5%) и припадниците на другите заедници (77,3%).
Мнозинство од граѓаните не веруваат (60,8%) дека пописот на населението ќе се спроведе со соодветен квалитет. Побројни меѓу нив се етничките Македонци (69,5%).
За половина од граѓаните, односите со Бугарија се развиваат во негативен правец (53,6%). Разлики во ставовите има на основа на етничката припадност и кај симпатизерите на политичките партии.
Граѓаните се поделени во довербата за општините во кои живеат. Малку над половината (50,6%) имаа доверба за разлика од 47,5% кои немаат. Етничките Албанци (74,3%) имаат поголема доверба во општините отколку етничките Македонци (41,3%)
Половина од граѓаните сметаат дека нивниот градоначалник не заслужува да биде реизбран. Вкупно 57,0% од етничките Албанци сметаат дека нивниот градоначалник заслужува да биде реизбран за разлика од 37,9% од етничките Македонци.
Првите тројца најдобри градоначалници се: Митко Јанчев (Кавадарци), Арбен Таравари (Гостивар) и Максим Димитриевски(Куманово). За нив се изјасниле 10,5%, 7,5% односно 6,8% од испитаниците.
На следните локални избори 22,4% од граѓаните ќе гласаат за ВМРО–ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ. Поддршката за ДУИ и Алијанса за Албанците е 8,0% односно 6,2%, а за Левица 5,2%. Вкупно една третина од граѓаните или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат на седмите локални избори во Македонија.
Попис
Според извештајот во одговор на прашањето дали граѓаните веруваат во пописот на населението и негово квалитетно спорведување, врз ставовите на анкетираните влијаела и нивната етничка, но и партиска припадност. Од вкупниот број на анкетирани 69,5% етнички Македоноци биле скептични и не верувале дека пописот ќќе биде спроведен соодветно. Што се однесува, пак, до етничките Албанци, дури 57,8% од нив веруваат дека пописот ќе се спроведе квалитетно.
Што се однесува, пак, до партиската припадност, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ Гледано низ призмата на партиската припадност, може да се забележи дека големо мнозинствоод испитаниците, симпатизери на ВМРО–ДПМНЕ(87,0%) и мнозинство од партиски неопределените испитаници (68,4%)изразиле сомневање во однос на квалитетот со кои ќе биде спроведен пописот.За разлика од нив, мнозинство од испитаниците, симпатизери на СДСМ веруваат дека пописот ќе биде спроведен со соодветен квалитет(69,6%)
Доверба во Владата
Според истражувањето довербата во Владата е релативно висока. Довербата е благо зголемена во однос на претходната проверка што ја направи МЦМС во март 2018 година кога 38,3% од испитаниците рекле дека целосно или до некаде имаат доверба во Владата. Иако МЦМС редовно прави проверка на довербата во Владата, овде е направена споредба со последното истражување затоа што тоа се однесува на Влада предводена од СДСМ.
Големо мнозинство од симпатизерите на СДСМ (96,1%) имаа доверба во Владата, а речиси ист процент од симпатизерите на ВМРО–ДПМНЕ (96,6%) немаат доверба во неа. Забележливо е и дека оние кои живеат во град имаат помалку доверба во Владата(38,6%) за разлика од испитаниците кои живеат во село(47,1%).
Локални избори 2021
Што се однесува до гласачките ставови, најголем дел од испитаниците или 44,0% на локалните избори ќе гласаат за ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ, односно 22,4% ќе гласаат за ВМРО–ДПМНЕ, а 21,6% за СДСМ. Следната најголема поддршка е за ДУИ (8,0%), за Алијанса за Албанците ќе гласаат 6,2%, а за Левица 5,2% од испитаниците. За некоја од другите партии ќе гласат 2,7% од испитаниците. Бројот на оние кои нема да гласаат, ќе излезат ама ќе го поништат ливчето е вкупно 18,1%, а оние што рекле дека не знаат или одбиле да одговорат се вкупно 15,9%. Значи вкупно една третина или 34,0% е неизвесно за кого ќе гласаат на локалните избори оваа година.