• Latest
Војо Маневски

Извештување: Зошто никој не обрна внимание на олигарсите во Извештајот на ЕК?

November 11, 2023

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Извештување: Зошто никој не обрна внимание на олигарсите во Извештајот на ЕК?

November 11, 2023 11:57
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Го читам извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на евро патот и прв заклучок што ми се наметна е дека ама ептен се извештивме во толкувањето на евро извештаите. Можат тие да констатираат и наведуваат што сакаат, а ние ќе климаме со   главата и ќе си тераме по старо.

Извештаите се толкуваат различно, како да се пишувани на различен јазик и писмо. Последниов има и еден сегмент кој мора да нѐ замисли. Сме имале преголемо влијание од олигархијата, а тоа не било видливо.

Сето ова ме потсетува на оној вицот кога сопругот забележал некоја активност меѓу неговата сопруга и соседот на терасата, ама кога дошол дома неговиот сосед и верната му сопруга само пијат кафе и разговараат. Да не должам, вицот завршува со убеденоста на изневерениот маж дека се работи само за агол на гледање, а не и за вистинска состојба.

Така, олигархиско-политичката елита со своите медиуми истата приказна ни ја продава веќе со децении. Извештајот има те вакви пораки, те онакви упатства. Партиските членства имаат свој посебен агол, така што комплет сите сѐ извештија да ги мамат граѓаните, ако треба и до судниот ден. Наука и искуство е и тоа и не се остава таков занает за џабе. Граѓаните се извештија да не веруваат ниту во ЕУ, ниту во пораките од партиите, а најлошо од сѐ е што ниту во себе веќе не веруваат. Толку сите се извештивме што станавме вештачки, како тие кинеските играчки што пред Нова Година знаат само да кажуваат – честитки, среќно да е и слични добронаменски пораки.

А  што правиме со сѐ пораширениот заклучок дека и не сме кадарни да имаме држава како функционална и самоодржлива заедница на рамноправни граѓани? Оваа моја песимистичка констатација не е резултат на недостаток на патриотизам или самодоверба, туку израз на граѓанска немоќ пред општествените процеси.

Искрено, секогаш кога се обидувам да развијам некоја теза се двоумам дали веќе неколку пати не сум ја размесувал како кори за јуфки. Изгледа и јас се извештив да верглам исти тези читајќи ги извештаите на ЕК на ЕУ.

Добар дел од процесите беа под нивна палка и под нивна директива. Едно нешто не осознаа – на различна подлога ист калем не се зафаќа. Сум калемел праска на бадем, ама после неколку недели фиданката овенуваше, а под неа си израснуваше нова фиданка од бадемот.

Пазарните законитости се најблиску до природните и нивна главна карактеристика е предаторството и безмилосноста. Тоа е нешто што треба да се ублажи со социјални политики на државата за да го заштити своето граѓанство и да не експлодира социјалното незадоволство. Тампон зоната од закономерната самоволија на олигархиските врвови е средната класа која низ политичките процеси се заштитува и себеси и ниските социјални слоеви од бескрупулозноста на олигархијата. Нема средна класа – нема заштита на политичките слободи – нема демократија, тоа е законитост.

Европа ни вели дека се наоѓаме под преголемо влијание на олигархијата и прв пат тоа во лице ни го испорача во документ. Ние тоа го знаеме, ама како и изневерениот сопруг, си мислиме дека можеби имаме погрешен поглед на стварноста.

Зошто нашите банки не вложуваат во капитални национални проекти? Зошто се залепени на искористување на буџетот преку разни позајмици на државата?

Затоа што така парите најбргу се зголемуваат и затоа што самиот политички врв и добар дел од државната структура зависи од тие средства што во суштина се собрани од граѓаните, ама се на конто на олигархијата. Ако веќе ја имаат таквата моќ, логично е да не трошат средства за договор со секоја следна политичка гарнитура која дојде на власт, туку во самите партии своето влијание го зголемуваат до позиција кога тие ги избираат сите идни народни претставници преку партиските врвови и поддржувачи. Логично и јасно, нели?

Зошто на листите и на високи позиции има непознати и ретко во својата струка докажани личности? Па, токму поради тоа што се подложни на разни влијанија. Нивната цена е помала отколку на оние што веќе се етаблирани. Пазарна законитост, нели? Тие етаблираните веќе научиле од каде тече водата па сакаат и тие да се напијат. Ништо непознато и ништо неприродно.

Сите општества поминале и поминуваат низ вакви процеси. Нашиот проблем не е само во ваквите законитости, туку и во последиците кои нѐ притискаат кон дното на опстанокот. Сѐ помалку жители има во нашава Македонија. Сѐ помалку нѐ има и како народ и како делови од народи. Кого ќе експлоатира новата безмилосна класа? Без народ нема ни кој да работи во нивните фабрики и „компании“, нема да има кој да ги отплаќа становите во Скопје што се еклатантен пример на кратковида банковна кредитна и државна финансиска политика.  Не, не се грижам за вас господа банкари, туку за моиве сограѓани ми е мака.

Можеби треба да ги повикаме олигарсите да престанат да се кријат зад ситни „политичарчиња“ желни за власт и да се истопорат лично на политичката сцена? Јавно нека кажат кои им се интересите, целите и методите со кои сакаат сопствените фирми да ги подигнат на посакуваното ниво. Ако биле успешни во водењето на фирмите, можеби ќе можат нешто да помогнат и за обичниот народ. Ама ако целите им се многу поразлични од целите за подобра состојба на сите, треба тој народ на нивните послушници да им ги пресече крилјата и да си избере политичари кои ќе бидат одговорни кон тие што ги избираат. Ако не се расчистат сметките, ќе нема ниту владеење на правото, ниту добар судски систем. Овде не мислам на владеење на законите кои се донесуваат според интересите на економско политичките елити, туку како норми кои ги регулираат односите врз постулатите на правичност и еднаквост на граѓаните.

Што мислите, мои почитувани сограѓани, ќе стане ли малку повеќе јасно тогаш, дали сегашните политичари се одговорни луѓе, со капацитет и интегритет, со моќ самостојно да одлучуваат во име на тие кои ги избрале или не? Оф, дај Боже да е така, ама сама ми се наметнува мислата за гладната кокошка која просо сонувала! Мене, да простите, ми преовладува впечатокот дека тие, „политичарите“, сѐ повеќе стануваат, или веќе станале, марионети кои одработуваат за олигарсите (а сонуваат да бидат на нивното место), за себе се разбира. А како поинаку, зар за народот да мислат? Плус за којзнае какви и чии служби, а соработката со соседниве држави ја разбираат на малку чуден, таинствен начин. Како магионичарот кој со едната рака го свртува вниманието за да не види публиката како со другата го изведува трикот.

Како да му се помогне на народот, на поединецот гласач да почне да ги гледа двете раце, да осознае што е вистина, а што трик? Да почне да мисли дали некој стои зад чекорите на „политичарите“ и ако одговорот е „да“, кој е тој и што сака?

Премногу прашања, а премалку одговори, а мене, искрено, ме фаќа паника од помислата дека народецот наш и не сака да прашува. Како варената жаба од претходната колумна.

Ако се извештивме да живееме во два света како во епската изрека за знамето „едно за свадба, друго за војна“,  да одлучииме под кој барјак ќе застанеме. За нас и за нашите деца или за она што покрај нас се изроди како диво месо, како израз на нашето неснаоѓање и нашето потклекнување пред сите влијанија на нечастивиот кој нѐ искушува и не нѐ прашува на кој Бог му се молиме или која вера како жртва му ја положуваме. Каменот од близу доаѓа – рече некој, ама ние не го разбравме затоа што не било до каменот туку до раката. Ех, да ми ѐ таа вештина да ја извештам, ми советува паднатиот ангел, а некој друг глас ми вели – ничија свеќа не гори до зори. Одлуката е наша мој народе и мои сограѓани,  пеколот и онака нѝ е резервиран. И тоа без резервации во last minute.


Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ