• Latest

Извршени се 5 858 инспекциски контроли, да се почитуваат протоколите и препораките за спречување на ширење на Ковид-19

December 23, 2020
Самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск. Фото: Скриншот од видео на WION

Во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск најмалку 22 лица се убиени, а 63 други се ранети

June 23, 2025
Протести во Иран  против вклучувањето на САД во конфликтот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Додека Трамп тврди дека САД уништиле ирански нуклеарни објекти, светот чека одговор од врховниот лидер Хамнеи

June 23, 2025
Пожарникарите гаснат запалени остатоци по рускиот напад со ракети и беспилотни летала врз Киев на 23 јуни 2025 година, во кој загинаа најмалку пет лица, а 13 други беа повредени. Фото: Државна служба за вонредни состојби на Украина

Во рускиот масовен напад со ракети и дронови врз Кијив убиени најмалку 7 лица, а 19 се повредени

June 23, 2025
Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

June 23, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

САД ја повикуваат Кина да го одврати Иран од затворањето на Ормутскиот теснец

June 22, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Извршени се 5 858 инспекциски контроли, да се почитуваат протоколите и препораките за спречување на ширење на Ковид-19

December 23, 2020 16:09
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На неколку дена пред новогодишните празници инспекциските служби ги интензивираа надзорите на терен и во соработка со МВР во текот на минатата недела се спроведоа голем број координирани акции кај различни субјекти. Во период од 14 до 20 декември седум инспекциски служби извршија вкупно 5 858 контроли и надзори. Државниот санитарен и здравствен инспекторат во тој период изврши вкупно 98 надзори врз основа на кои изрече 10 решенија. Притоа, овој Инспекторат, што е задолжен да издава решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот, како и на лица кои биле во контакт со заболено лице, издаде и 9 065 решенија за изолација и домашно лекување.

Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, која рече дека во истиот овој период инспекторите од Државниот пазарен инспекторат извршиле 4 338 контроли и 546 надзори поврзани со почитувањето на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти, но исто така поврзани и со голем број на други материјални закони по коишто постапува овој Инспекторат.

При спроведените надзори од страна на пазарните инспектори, посочи Филиповска-Грашкоска, изречени се 39 прекршочни пријави, 58 решенија за констатирани неправилности, како и 49 прекршочни платни налози. Потенцира дека од вкупниот број решенија, осум се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и протоколот за работа на угостителски објекти кои се однесуваат за: по три угостителски објекти во Скопје и во Гостивар и за два угостителски објекти во Куманово во кои не се почитувало работното време или ограничувањето до четири лица на една маса.

– Во сите случаи е изречена забрана за вршење на дејноста, односно истите се затворени за работа, а дополнително се изречени и соодветни прекршочни платни налози. Во истиот овој период Инспекторатот за транспорт изврши 53 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се 11 прекршочни пријави и осум решенија. Од вкупно спроведените надзори, 23 се извршени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, при што се изречени три прекршочни пријави поради непочитување на протоколите за превоз на патници и тоа една прекршочна пријава за превоз на патници во Ресен и две прекршочни пријави за превоз на патници на граничен премин Деве Баир, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа истакна дека Државниот инспекторат за труд, пак, во изминатите седум дена извршил вкупно 450 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. Притоа, овој Инспекторат, појасни таа, изрече 12 решенија и пет прекршочни платни налози кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи и безбедноста и здравје при работа.

Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести Филиповска-Грашкоска рече дека трудовите инспектори во три случаи констатирале прекршување на протоколот за превентивни мерки на сите работни места за што изрекле соодветна мерка.

– Агенцијата за лекови и медицински помагала, пак, во истиот овој период спроведе 28 надзори во аптеки на територијата на целата држава и притоа се контролирани формираните цени за заштитни средства од корона каде што не се утврдени неправилности, но се издадени две решенија согласно Законот за лекови и медицински помагала. Агенацијата за храна и ветеринарство, пак, изврши 303 надзори, при што издадени се девет решенија, 14 едукации и шест прекршочни налози по основ на нерегистриран оператор, непостапување по наредени мерки, неизвршени здравствени прегледи и неправилно складирање, чување и означување на производи, рече Филиповска-Грашкоска.

Таа нагласи дека Државниот инспекторат за животна средина во текот на минатата недела извршил вкупно 42 надзори и издал три решенија за констатирани неправилности, два прекршочни платни налози и една прекршочна пријава.

– Дополнително од страна на Државниот инспекторат за животна средина е поднесен и предлог за одземање на Б-интегрирана дозвола за непочитување на условите, а генерално утврдените неправилности од страна на овој Инспекторат се однесуваат на неплатени надоместоци за водно право, горење отпадно масло во автосервиси и непочитување на услови во издадена Б-интегрирана дозвола, рече Филиповска-Грашкоска.

Апелираше до сите граѓани и стопанственици да бидат свесни при прославувањето на празниците кои доаѓаат и да ги почитуваат протоколите и препораките за спречување на ширење на коронавирусот.

Посочи дека инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во следниот период и неселективно и навремено ќе ги санкционираат сите кои преку непочитување на протоколите и мерките го загрозуваат јавното здравје и здравјето на граѓаните.

– Да прославуваме одговорно!, додаде Филиповска-Грашкоска./МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Централен одбор на ДОМ. Фото: dom.org.mk

    ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ