Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, чиј глас се слушна на снимките на италијанскиот медиум „Ла Верита” за случајот „Рекет”, утре треба да се појави во обвинителството во улога на сведок за да даде исказ пред обвинителката Вилма Русковa.
Во видеата, Јанева му вели на Орце Камчев „се ќе биде ОК” за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.
До сега за случајот кој ја тресе македонската јавност и политичка сцена сведочеа обвинителите Лиле Стефанова, која исто така беше спомната во снимките од страна на Камчев, и обвинителите Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми.












