• Latest

Јанева во притвор уште 30 дена, Јовески ги враќа обвинителите на СЈО во судница, борбата за правда продолжува

September 19, 2019
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанева во притвор уште 30 дена, Јовески ги враќа обвинителите на СЈО во судница, борбата за правда продолжува

Обвинителката Фатиме Фетаи вчера на влегување во Кривичниот суд, каде што се одржа ново рочиште за „Монструм“, кажа дека борбата за правда продолжува. Со овластување на државниот јавен обвинител Јовески,  обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО „Талир 2“ пред Кривичен суд.

September 19, 2019 09:42
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо укинување на притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“, како што побара нејзината одбрана, Кривичниот суд вчера на предлог на Обвинителството ѝ го продолжи за уште 30 дена. Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, почна и со делегирањето на предметите и враќањето на обвинителите на СЈО во судница, јавува МИА.

Адвокатката на Јанева, Ирена Фрчковска, завчера до Судот поднесе барање за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка велејќи дека се отпаднати основите за определување мерка притвор со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија.

-Целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија, изјави Фрчковска за МИА.

Исто како и Јанева, која е во притвор од 21 август, Судот им определи нови 30 дена притвор и на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Кичеец за случајот „Рекет“.

Но, и покрај тоа што првиот човек на СЈО е во притвор, продолжува судењето за предметите на СЈО пред Кривичниот суд.

Државниот јавен обвинител Јовески почна да ги враќа обвинителите на СЈО во судница. По негово овластување, обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубески кои продолжуваат да го застапуваат предметот „Монструм“, а на обвинителката Ленче Ристоска ѝ го делегираше предметот „Талир 2“.

Обвинителката Фатиме Фетаи вчера на влегување во Кривичниот суд, каде што се одржа ново рочиште за „Монструм“, кажа дека борбата за правда продолжува.

Со овластување на државниот јавен обвинител Јовески,  обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува предметот на СЈО „Талир 2“ пред Кривичен суд.

Судење за „Талир 2“ е закажано за денеска. Претходното судско рочиште за овој предмет не беше одржано поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Во случајот „Талир 2“  обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на владата Кирил Божиновски, кои, според обвинението на СЈО, со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се случило наспроти фактот што правното лице, во времето на обезбедување на услугата, имало склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Обвинетите спротивно на законските прописи прибавиле значителна имотна корист за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ во износ од 507.164.424 денари, односно 8.246.576 евра.

Share98Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ