• Latest
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Израелската Влада ѝ нареди на војската да ги ограничи офанзивните операции во Појасот Газа

October 4, 2025

„Марш за ангелите“ денеска во Кочани во 16:05 часот

October 4, 2025

За 24 часа Русија изврши речиси 600 напади врз Запорижја

October 4, 2025
Gaza under attack, September 2025
Source> IMEMC

Трамп му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас се согласи да ги ослободи заложниците

October 4, 2025

Шести ден изборна кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, Теарце Брвеница и Ѓорче Петров, СДСМ во Велес, Свети Николе и Чашка, „Независни заедно“ прес конференција во Скопје

October 4, 2025

Европа треба „сериозно да се справи“ со заканата што ја претставува Русија, порача украинскиот министер

October 4, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Аеродромот во Минхен е принуден да ги прекине летовите втор ден по ред поради забележани дронови

October 4, 2025
Фото: Скриншот

Хамас се согласува да ги ослободи израелските заложници, но бара измени во мировниот план на САД за Газа

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025 12:58
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Фото: МОН

Фото: МОН

Share on FacebookShare on Twitter

Националната стратегија е исклучително важен документ кој треба да обезбеди континуитет и поголем квалитет во образовниот систем и образовниот процес во Македонија, како и дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени, истакна денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

Јаневска на денешната работна средба за изработка на новата Национална стратегија за 2026 до 2032 година појасни дека овој документ треба да обезбеди поголем квалитет во образовниот систем, развивање на дигитални вештини, постигнување еднаквост, како и стекнување на знаење компетенции кои ќе одговараат на пазарот на труд, но и на глобалите промени на образованието.

-Овие цели се потребни за со нашиот човечки капитал да бидеме рамноправен партнер со сите останати земји, децидна беше министерката.

Оцени дека креирањето на Националната стратегија е сложен процес.

-Ова е сложен процес и ќе потрае, не е лесен, но јас сум сигурна дека на крај сите заедно ќе извадиме еден навистина добар продукт кој ќе обезбеди квалитет и иновации во образовниот систем. Во новата Национална стратегија она што сме процениле дека досега било добро ќе продолжиме да го имплементираме, а она што не ги дало очекуваните резултати од претходната стратегија ќе го модифицираме ќе додадеме нови елементи, бидејќи не можеме да стоиме во место, мора да се прилагодуваме на глобалните потреби. Така да, овој документ треба да обезбеди еден континуитет во стекнување повисок квалитет во обраозванието, изјави Јаневска.

Одговорајќи на новинарско прашање дали во новата Национална стратегија ќе биде земена предвид и забелешката на УНИЦЕФ дека децата во основно немаат доволно бројот на часови во однос на европскиот просек, министерката рече дека е потребна оптимизација и дека мора да се воведе подолг престој на учениците во училиштата.

-Во повеќе од 150 училишта веќе работат во една смена. Летово ќе имаме голема акција надограбда на две до три училници почнуваме со оние училишта во кои се потребни само по две три или четири училници, тој план веќе е направен, ќе има и во Скопје и надвор од Скопје почнуваме со доградба на две училници за да можеме да почнеме да ја спроведуваме акцијата, појасни министерката.

Запрашана за врсничкото насилство во училиштата министерката Јаневска посочи дека во рамки на ингеренциите Министерството за образование и наука има обезбедено програми и обуки за наставниците.

-Сите информации кои стигнуваат до министерството се проследени, но морам да ве потсетам дека училиштата припаѓаат на општините тие треба да водат грижа за овие процеси, но нашата ингеренција е да понудиме програми, помош во решавање на овие проблеми. Инволвирани сме имаме направено програми, тоа не се само наши, тие се направени со наши странски партнери обезбедени се и обуки со наставниците,училиштето има стручен тим кај кој се пријавува како министерство не можеме да го знаеме секој поединечен случај , доколку се пријави ние ќе ги алармираме институциите

Германската амбасадорка Петра Дрекслер оцени дека овој настан одбележува почеток на еден многу важен процес.

-Германската влада ја поддржува земјата посебно во процесот на евроинтеграцијата, модернизацијата, и особено реформите во обраозвмиот систем. Македонската влада утврди дека има голема потреба од развој на човечки капитал, тие се оние посебни столбови кои се најбитни за процесот на европската интеграција да продолжи понатаму. Она што е многу важно е развојот на стручното образование и обука кое што е еден од главните елементи во новата стартегија со кои се разгледуваат сите оние прашања поврзани со пополнување на празнините во развојот на вештините, усогласувања на побарувачката и потребите на економијата, изјави Дрекслер.

Претставникот на УНИЦЕФ Лесли Миле рече дека се оптимисти оти оваа стратегија ќе придонесе со новини и ќе обезбеди континуитет од претшколска возраст се до завршувањерто на средно обраозвание и дека националната стратегија е одлична можност образовниот систем да ги надгради и да биде во тек со новите технолошки настани, новите трендови вештачката интелигенција и да го надгради целиот образовен систем.

-И она што е најважно е дека сите овие работи заедно ќе придонесат кон подобри резултати и подобар образовен систем, оцени Миле.

Во однос на обезбедување подолг престој на учениците во училишните клупи, таа посочи дека УНИЦЕФ работи со Министерството за обраозвание со цел оптимизација на целата мрежа и ги разгледува сите можни аспекти во однос на финансирање и човечки ресурси заради обезбедување соодветна работа на смени и останување на децата во училиште онолку часа колку што е потребно.

Ана Црнешова претставник од УНДП овој настан го оцени како историски.

-Денеска престојуваме тука на овој историски настан на којшто се потпишува меморандумот за разбирање за новата Стратегија за образование и УНДП се горди што можат заедно со своите партнери да го поддржат овој процес. Образованието претставува основа за меѓународен развој и во еден ваков денешен свет, во којшто имаме брз развој на технологија, вештачка интелегенција итн., клучно е децата да бидат во тек со тие трендови и настани. Исто така, образованието го поврзуваме со наоѓањето на работни места, што значи ако имате добро образование имате пристап до добри работни места и ќе можат младите да се задржат во својата земја, изјави Црнешова.

Запрашана за вештачката интелигенција Црнешова оцени дека претставува релативно нов концепт и дека многу земји работат на негово воведување.

-Вештачката интелегенција претставува релативно нов концепт и многу земји во светот работат на тоа да го воведат. Македонија не е во првите десет земји коишто се во оваа поле. Но, тоа значи дека пред нас има многу работа да направиме, за да може децата да ги воведиме барем во основите на вештачката интелегенција, рече таа.

Бојана Нацева виш специјалист за образование од групацијата Светска банка посочи дека стратегијата има огромна улога во подобрување на инклузивноста во образовниот систем.

-Сакам да се заблогадарам на Министерството за образование и наука, за да бидеме дел од овој процес, во создавањето на новата Стратегија за образование, која има огромна улога во подобрување на пристапот и инклузивноста и квалитетот на образованието. Тоа ќе биде компрехенсивна и ќе вклучува многу засеганати страни, што значи новата Стратегија ќе биде заедничка визија, за тоа како треба да изгледа образовниот систем во нашата држава. Тоа е од огромно значење во создавање на човечкиот капитал, кој е пак клучен за подобри работни места, попродуктивни работни места и во целина за подобрување на економскиот напредок на нашата држава, изјави Нацева.

Фото: МОН

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ