„Можам да кажам дека сум донекаде благо разочаран за многу работи што очекував да се сменат. Сепак, далеку сме од оние промени што ги очекувавме“, изјави граѓанскиот активист Денис Јанкуловски за ЦИВИЛ Медиа, зборувајќи за предвидувањата и очекувањата за политичките случувања во 2018 и што сè е остварено некаде на средина на годината.
„Една година помина. Некои корекции не се направија иако ги очекувавме. Поминаа 6 месеци од 2018. не би требало да има оправдувања од типот дека е лето и период на годишни одмори… Реформи се прават 24/7. Само треба да се посвети поголемо внимание на битните реформи кои што ги очекувавме и ќе имаме резултати“, изјави Јанкуловски со акцент на неспороведените реформи во администрацијата.
Перспективи 2.0 е продолжение на серијалот видео-интервјуа Перспективи 2018, каде експерти, професори, новинари, активисти и општествено одговорни граѓанки и граѓани зборуваат за надежите, очекувањата и состојбите во општеството, во текот на годината.
Новинарка: Биљана Јордановска
Камера: Маја Ивановска