• Latest

Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош

July 23, 2021
Скриншот од видео на CBS News

Трамп го ограничи приемот на бегалци на рекордно ниско ниво – приоритет им даде на белите Јужноафриканци

October 31, 2025

По протестите со говор на омраза, Црна Гора воведе визи за турските државјани и построги имиграциски правила

October 31, 2025

Изборен молк: Период на тишина пред граѓанскиот избор

October 31, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Поранешен австралиски политичар осуден на повеќе од пет години затвор за сексуални злосторства

October 31, 2025

Притвор за тетовец кој се заканувал со убиство на жена и партиски функционери на Фејсбук

October 31, 2025

Во вториот круг од изборите право на глас имаат 1 013 375 граѓани, за гласање пријавени 4 826 болни

October 31, 2025
Фото; Скриншот од видео

Украинската Курска група на сили сè уште држи позиции на руска територија

October 31, 2025
Скриншот од видео на
Firstpost

Протести во Дар ес Салам по хаотичните избори во Танзанија, полицијата употреби солзавец и истрели, има убиени

October 31, 2025

Национализам, етнички тензии и популизам: Етничката карта ја обои трката пред вториот круг

October 31, 2025
Скриншот од видео кое наводно прикажува експлозија во комбинираната термоцентрала (ТЕЦ) Орјол во Орјол, Русија, на 31 октомври 2025 година. Фото: Астра .Телеграм

Украина нападна голема руска енергетска инфраструктура во повеќе региони

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НАУКА ТЕХНОЛОГИИ

Јавен повик за дигитален асистент за олеснување до пристапот до програмите за државна економска помош

July 23, 2021 12:32
in ВЕСТИ, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Олеснување на комуникацијата и пристапот до информации за државна помош и поддршка на домашните и странските компании и инвеститори, намалување на времето на чекање на одговор од институциите, ќе треба да овозможи дигиталниот асистент базиран на вештачка интелигенција за потребите на програмите за државна помош за чија изработка е објавен јавен повик.

На јавниот повик, кој ќе трае до 20 септември, право да аплицираат имаат трговски друштва основани согласно Законот за трговски друштва и регистрирани во Централниот регистар на Република Северна Македонија, да се со мнозинска македонска сопственост (со 50,1 отсто или повеќе) и годишните приходи на претпријатието да не надминуваат 10 милиони евра во претходните две фискални години.

-Кои  се условите, каде се аплицира, како се аплицира, кои документи се потребни, која институција е надлежна, што се постои како услов за државна помош и слично се само дел од прашањата кои овој дигитален асистент ќе ги одговара, рече на денешната презентација на јавниот повик вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Дигиталниот асистент, нагласи, треба да е способен за брзо учење, да овозможи комуникација со корисниците преку текстуални пораки, да го прилагоди својот јазик и тон врз основа на контекстот, да разбере и одговори на македонски, албански и англиски јазик и лесно да се ажурира во реално време.

-Тој ќе ги дава сите потребни информации помош за мерките и помош од планот за економски раст, кој само за потсетување, е инструмент за поддршка на развојот на домашните и странските компании во насока на изедначување на критериумите и условите за добивање државна помош за сите компании, независно дали се домашни или странски, микро мали, средни или големи, нагласи Битиќи додавајќи дека на овој начин ќе се зголемува бројката на компании кои добиле помош и поддршка. Во таа насока, тој потсети дека само во три години 900 компании од земјава добиле поддршка преку планот за економски раст.

Директорот на ФИТР, Коста Петров, истакна дека Фондот преку овој проект првпат се вклучува во дигитализација на процесите во Владата на Република Северна Македонија.

-Сигурен сум дека ова е само почеток на многу нови иницијативи со кои ќе им овозможиме на граѓаните но и компаниите полесна комуникација со институциите на Владата, рече Петров.

Отворањето на овој предизвик, додаде ќе биде сериозен исчекор  во однос на технолошкото унапредување но и показател дека во државата има компании кои можат да понудат решенија подеднакво квалитетни како светските

Имплементацијата на проектот може да биде во времетраење од вкупно 24 месеци, 12 месеци за развој и имплементација и 12 месеци за одржување и надградба. Фондот врз основа на оправдани околности може да одобри продолжувања на спроведувањето на проектот до шест месеци. За финансирање на проектот во рамки на овој повик обезбеден е вкупен буџет од девет милиони денари.

Главните критериуми за оценување на предлог проектите се, како што појасни Петров, се степенот на иновативност, капацитетот на проектниот тим, квалитетот на проектот, потенцијалот за имплементација односно пазарниот потенцијал, како и влијанието. Комисијата за оценување и избор е составена од двајца  претставници од партнерската институција, двајца експерти во областа на предизвикот, како и еден претставник на ФИТР. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ