Владата во соработка со Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска организира јавна дискусија на тема „Вклучување на медиумската писменост во образованието“.
На дебатата која е дел од Глобалната недела на медиумска писменост, обраќања ќе имаат министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски и амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар.
Модератор на дискусијата што ќе се одржи во НУБ „Св. Климент Охридски“, ќе биде Билјана Петковска, директорка на МИМ.
Извор: МИА