• Latest

Јавна расправа „Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици“

October 2, 2019
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавна расправа „Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици“

October 2, 2019 14:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Жените во руралните средини треба да добијат целосна поддршка и залагање од нас за отворање можности за развој и подобрување на нивните животни услови во тие средини. Со поддршката ќе ги заштитиме нивните економски, социјални и културни интереси и на тој начин ќе се намали сиромаштијата и нивната социјална исклученост…Ова го истакнаа учесниците на јавната расправа на тема „Улогата на жените во руралните средини и нивните предизвици“, што ја организираше собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

Пратеничката од СДСМ, Татјана Прентовиќ рече дека жените во руралните средини спаѓаат во најсиромашната популација, бидејќи нивниот труд речиси е невидлив, во нивните домаќинства најчесто приходите за семејството ги остварува мажот кој традиционално е сопственик на целиот имот што ги прави целосно зависни од машките членови на тоа семејство. Тие, нагласи, најчесто се невработени заради нискиот степен на образование, раното формирање семејство или заради грижата за сите членови на семејството.

– Родовата нееднаквост на жените во руралните средини е особено изразена во земјоделскиот сектор, кој учествува со околу 10 проценти од националниот бруто домашен производ. Мнозинството земјоделски работници се мажи. Жените во земјоделскиот сектор работат повеќе од мажите односно во просек 11,1 часови дневно, а мажите – 9,7 часови дневно. Речиси половина односно 42 проценти од вкупното работно време на жените не е платено. Ниското учество на жените во управувањето со фарми укажува на нивната ограничена вклученост во процесот на донесување одлуки, рече Прентовиќ.

Потенцира дека имаме законска регулатива која овозможува развој на жените во руралните средини, но во постоечките закони е потребна измена во делот на еднаков пристап до образование, во делот на здравствените особено гинеколошките услуги, во делот на дополнителни социјални мерки и нејзина финансиска поддршка.

– Потребна е изградба на патна инфраструктура, градинки, училишта и амбуланти кои ќе им го олеснат животот и ќе го поттикнат развојот на руралните средини, а особено на жените кои живеат во нив. Нашата земја во земјоделскиот сектор континуирано работи на законско зајакнување на жените во руралните средини преку главна законска рамка, тоа е Законот за земјоделство и рурален развој, преку стратешки документ, односно Националната стратегија за земјоделство и рурален развој, преку оперативни документи…, додаде Прентовиќ.

Државниот советник во Министерството за труд и социјална политика, Елена Гроздановска рече дека Владата посветено работи на прашањето на воспоставување родова еднаквост и унапредување на положбата на жените во сите сфери од општественото живеење.

– Жените во руралните средини се најизложени на насилство во семејството. Затоа во наредниот период продолжуваат реформите кои ги прави Министерството за труд и социјална политика, особено во делот на услугите од областа на социјалната заштита кои најмногу ги тангираат жените во руралните средини од аспект на тоа што ќе им се овозможи подобро планирање на своето работно време со оглед на тоа што ќе се отворат детски градинки, домови за згрижување стари лица. На тој начин можноста тие да се вклучат во телата каде се носат одлуки на локално или централно ниво ќе биде подобрена, посочи Гроздановска.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски истакна дека креираат одредени мерки кои овозможуваат можности жените да остварат сопствен бизнис и да работат во средината во која живеат. Појасни дека за да ги мотивираат да аплицираат за програмите и да ги користат предвидените средства имаат предвидено одредени бенефиции.

– Средствата кои можат да бидат рефундирање на нивните инвестиции каде се тие носители на активности на земјоделското стопанство се движи до 65 проценти и по националната и по ИПАРД програмата. Заради поголемиот поттик кога има рангирање во ИПАРД програмата жените дополнително се бодираат и се додаваат поени во мерките. При рангирање дополнителни 20 поени добиваат жените кога аплицираат по мерките за рурален развој. Согласно последните анализи, има пораст од седум проценти кај искористеноста на средства од страна на жените преку ИПАРД програмата, додаде Бабовски./МИА 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ