Државната изборна комисија денеска ќе одржи јавна седница со следниот со почеток во 12 часот. На дневен ред е разгледување и усвојување на записникот од 16 седница.Исто така, ќе се разгледуваат и усвојуваат повеќе предлог процедури и правилници. Ќе се разгледува предлог Процедура за начин и постапка за поднесување, прием и потврдување на кандидатски листи, предлог Процедура за постапување по приговори од стручната служба на ДИК, предлог Процедура за набљудување на изборите и изборната постапка, предлог Процедура за хоризонтална и вертикална комуникација и координација помеѓу изборни органи, предлог Правилник за вршење увид во евиденција на МВР за издавање на биометриски исправи како и во базите на податоци и евиденции на граѓани на други државни органи и институции и предлог Процедура за односи со јавноста.
На дневен ред ќе биде и разгледување на информација за извршени плаќања по обврски од програма 22 – Референдум по обврските за спроведување на Референдумот 2018 година (прелиминарен извештај) на изборната администрација и помошните тела кои не добиле надоместок за спроведените избори во 2016 и 2017 година. Исто така, ќе се разгледува и усвојува на предлог Програма за задолжителна едукација на општинските изборни комисии, избирачките одбори за гласањето во Република Македонија и избирачките одбори за гласањето во странство.
Б. Ј.