• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Јавно обвинителство: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025

МВР: Приведени двајца за кривично дело „поткуп при избори и гласање“, пријави за агитирање при гласање на повеќе места

October 19, 2025
Фото: Инстаграм

Руската пропаганда со дипфејк се обидува да ја поткопа мобилизацијата во Украина: Стефанчук не го исклучува греењето за тие што „избегнуваат регрутација“

October 19, 2025

Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите

October 19, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности на ЦИВИЛ

October 19, 2025
Креирано со помош на ВИ

Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

October 19, 2025

ДИК: Нема информации за евентуални проблеми или непријатности, излезност 9,38 отсто

October 19, 2025
Диана Тахири (лево) и Џабир Дерала, прв прес за изборниот ден, 19 октомври 2025 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Прва прес конференција на ЦИВИЛ: Мирен старт на изборниот ден, познати слабости – изборниот молк и пристапноста остануваат предизвици

October 19, 2025

ДНЕТ поднеле тужба до Управен суд кој ја потврдил одлуката на ДИК

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јавно обвинителство: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

October 19, 2025 13:36
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

До овој момент денешниот изборен ден од Локалните избори 2025 поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес, согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, информира државното Јавно обвинителство. Посочува дека од почетокот на гласањето утрово, до јавните обвинителства и на посебната електронска адреса izbori@jorm.mk не се пријавени инциденти или неправилности на гласачките места кои би имале елементи на кривично дело.

-Јавен обвинител од ОЈО Струмица денеска усно е известен за погрешно испечатени гласачки ливчиња во Ново Село и извршен е разговор. Известена е Државната изборна комисија да го замени материјалот, но нема елементи на кривично дело. Во текот на вчерашниот ден, поединечни настани со наводи за изборен поткуп се евидентирани во ОЈО Велес, ОЈО Прилеп, ОЈО Крива Паланка и ОЈО Свети Николе. Во сите нив се преземаат дејствија по насоки на јавен обвинител за испитување на наводите. Има неколку информации и во однос на настани со елементи на прекршување на изборниот молк, но до овој момент вкупно евидентирани се многу мал број настани кои би можеле евентуално да имаат обележја на кривично дело, па со оглед на тоа изборниот процес до овој момент поминува без поголеми нарушувања од аспект на јавнообвинителското постапување, се наведува во соопштението на ЈОРСМ.

Наведува дека привремената Комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални изборни нерегуларности и денеска продолжува да го следи целиот тек на изборниот процес, а електронската адреса izbori@jorm.mk останува отворена за сите евентуални пријави на сомненија за кривично дело кое би можело да го наруши текот на изборите.

– И денеска се организирани вонредни дежурства во сите основни јавни обвинителства, а обвинителството тесно се координира и со останатите институции надлежни за следење на изборниот процес. Сите евентуални сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани, а предметите ќе имаат приоритет на постапување во јавните обвинителства, соопшти државното Обвинителство, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ