Мавритански мировник на ОН загина, а 11 други беа ранети вчера при напад во Централноафриканската Република.
Борци од вооружената група „Антибалака“ ја нападнаа времената база на сините шлемови во Тагбара, близу градот Бамбари, соопшти портпаролот на ОН, Стефан Дижарик.
-Сините шлемови отвориле оган и по неколкучасовна престрелка еден од нив загинал, а 11 се ранети, прецизира тој.
Според Дижарик, 22 од напаѓачите биле убиени.
Подоцна истиот ден, офицерите на мисијата на ОН во африканската земја пронашле телата на 21 цивил (13 мажи, 4 жени и 4 деца) до црква во Тагбара.
извор: МИА