Во Етиопија денеска е воведена вонредна состојба откако премиерот Хајлемариам Десален поднесе оставка во време на политичка криза во државата.
Советот на владејачката коалиција Етиопски народен револуционерен демократски фронт се состана денеска и одлучи да воведе вонредна состојба.
Во објавата преку државната телевизија не се наведува колку долго ќе трае вонредната состојба.
Советот наведува дека дошол до заклучок дека воведувањето на вонредна состојба било „клучно за зачувување на уставниот поредок на државата“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.