• Latest

Европарламентот јасно ќе поддржи старт на преговори со ЕУ

April 18, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европарламентот јасно ќе поддржи старт на преговори со ЕУ

April 18, 2018 08:11
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европратеникот Кнут Флекенштајн во интервју за МИА изразува задоволство што Европската Комисија даде јасна препорака за преговори со Македонија и вели дека ист сигнал ќе дојде и од Европскиот Парламент. Процесот Жан Моне, исто така, продолжува во мај.

– Мислам дека Парламентот, исто така, многу јасно ќе поддржи старт на преговори за членство со Македонија. Особено со оглед на работата на власта и на министерот за надворешни работи и конструктивните обиди да се дојде до заедничко решение со Грција, слушам дека се блиску до решение. Тоа е обид што треба да го поддржиме и да кажеме јасно “да“, вели Флекенштајн.

Запрашан дали Грција би можела повторно да блокира ваква одлука во Советот на министри на ЕУ, европратеникот одговара дека теоретски е можно.

– Теоретски можеби, но за сега гледам дека премиерот Ципрас прави големи напори, исто како и вашата влада да најдат заеднички пат. Така што не би дискутирал сега за теоретски можности, но за сега сум голем оптимист. Не сум дел од тие преговори, но она што го слушам од двете страни е дека има сериозна волја да се пронајде решение. Тоа не беше секогаш случај. Потребна е храброст од двете страни за да се дојде до добар резултат, вели европратеникот.

Флекенштајн не сака да навлегува во деталите за можноста преговорите со ЕУ да започнат без да биде целосно решен спорот за името со Грција од страв да не го загрози преговарачкиот процес, но, сепак, не ја исклучува можноста.

– Колку повеќе луѓето коментираат, толку е потешко за преговорите. Но би можел да замислам некаков принципиелен договор што би требал да се конкретизира во иднина. Можеби е тоа можност, но навистина не знам. Тешко е за вашата влада, тешко е за вашата земја, за вашите граѓани, тешко е тоа да се разбере од далеку, и кога ги гледате стотиците илјади луѓе кои протестираат во Солун и тоа не го разбирате како Германец. Јас се уште сум убеден дека ќе најдат решение или излез. Но на самиот крај секогаш има можност за Грција да каже “не“, вели Флекештајн.

Германскиот европратеник не верува дека во ЕУ постои “замор од проширувањето“, туку дека ЕУ има свои домашни задачи кои треба да ги заврши од институционална гледна точка за да може Унијата да функционира со повеќе од 28 земји членки.

– Вчера францускиот претседател Емануел Макрон зборуваше за потребата да се сменат правилата во ЕУ, да биде полесно да се владее во ЕУ. А потоа треба да им објасниме на нашите граѓани дека проширувањето не е добротворна акција, туку дека сите имаме корист од тоа. Нашата стабилност е во прашање, имаме и економски бенефит од тоа. Така што не е дека сме ние фини, па еве ќе им дадеме нешто на Македонците, тоа е тотален нонсенс. Но, најважно е дека треба да им покажеме на нашите граѓани дека сме подготвени и способни да владееме Европска Унија со 33 членки. Имаме и ние наши домашни задачи.

За крај европратеникот открива дека процесот Жан Моне се уште е жив и дека нова рунда преговори ќе се одржи на 17 мај во Охрид.


Извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Европски парламентФлекенштајн
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result