• Latest
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ЈО: Постигнати спогодби за дел од предметот „Империја“

April 29, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

ЈО: Постигнати спогодби за дел од предметот „Империја“

April 29, 2022 17:47
in ВЕСТИ, ПРАВДА
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во текот вчерашниот ден, Основниот кривичен суд Скопје прифати две Предлог спогодби склучени пред поднесување на Обвинителен акт помеѓу јавниот обвинител Лиле Стефанова од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и двајца обвинети во предметот „Империја“, информира денеска републичкото Јавно обвинителство.

Спогодбите се однесуваат за кривични дела опфатени со Наредбата за спроведување на истражна постапка за период до 2009 година. Со опишаните дејствија обвинетиот Ј.К. сторил кривично дело – „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл.353 ст.4 вв ст.3 и ст.1 и чл.22 од КЗ, додека обвинетиот Н.Ј. сторил кривично дело ,,Перење пари и други приноси од казниво дело“ од член 273 ст.1 од КЗ.

“Двајцата обвинети го признаа извршувањето на кривичните дела што им се ставаат на товар и се согласија да им биде изречена казна затвор во траење од по една година во која ќе им се засмета и времето поминато во притвор. Во исто време, правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци беше задолжено да ја надомести штетата на Буџетот на Република Северна Македонија на име на неплатени даноци во износ од 320.918.372,00 денари#, велат од Обвнителството.

Оттаму додаваат дека во временскиот период од јануари 2004 година до март 2006 година обвинетиот Ј.К. заедно со обвинетите К.К.С. и З.А. и покојниот И.К., како одговорни лица извршни и неизвршни членови на Одборот на директори во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје кое во октомври 2004 година е преименувано во ДПТУ „ХООР“ АД Кавадарци, ги искористиле своите овластувања и положба и го оштетиле доверителот – Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, за износ 322.918.371,00 денари.

„Обвинетиот Ј.К., во јануари 2004 година, основал оф-шор компанија во САД. Од страна на обвинетите Ј.К., К.К.С. и З.А. заедно со сега покојниот И.К. била донесена одлука за склучување на фиктивен договор со компанијата за наводна изработка и испорака на конфекција – воени униформи. Компанијата која немала вработени лица, ниту деловни активности, била застапувана од обвинетиот Д.Ј. – вработен како возач во правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје, кој прифатил да се потпишува како полномошник. Заради наводно обезбедување дека униформите ќе бидат изработени, поголем дел од имотот на „Орка холдинг“ АД Скопје бил ставен под хипотека. За да го намали имотот на „Орка холдинг“ АД Скопје, обвинетиот Ј.К. во име на правното лице од САД во период од месец мај 2004 година до мај 2005 година, во неколку наврати изготвувал невистинити фактури со вкупен износ од 11.000.000,00 евра кои биле евидентирани во книговодствена евиденција како вистинити. Овие фактури биле основа правното лице во чие име постапувал обвинетиот Д.Ј. да поведе судски постапки и да бидат признаени побарувањата што произлегуваат од нив. Врз основа на извршни решенија, правното лице – доверител ја блокира жиро сметката на „Орка холдинг“ АД Скопје кое во меѓувреме се преименува во ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци“, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Според Обвинителството, на крајот на месец август 2005 година обвинетиот Ј.К. иако знаел дека побарувањата се невистинити преку правното лице – доверител, поднесува барање за отворање на стечајна постапка над ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци. Со тоа, велат оттаму, Ј.К. како вистински сопственик на правното лице – доверител поднел невистинито стечајно побарување, по што Основниот суд Кавадарци во 2006 година донел решение со кое го одобрил планот за реорганизација на стечајниот должник ДПТУ“ХООР”АД во стечај – Кавадарци.

„Со ова за правното лице од САД е прибавена противправна имотна корист од 108.251 акции и станува доминантен сопственик на акциите на правното лице ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на кое правен претходник е „Орка холдинг“ АД Скопје. Правното лице од Швајцарија каде еден од крајните сопственици бил сега покојниот И.К. станува сопственик на 18.381 акција, па доверителот Министерството за финансии – Управа за јавни приходи Скопје е оневозможена да го наплати побарувањето во износ од 322.918.371,00 денари утврдено со решение на Основен суд Кавадарци“, појаснуваат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека во јуни 2006 година на седница на Собранието на ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на која двете правни лица – сопственици на капиталот биле застапувани од обвинетиот Н.Ј. е донесена одлука правното лице ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци повторно да се преименува во „Орка холдинг“АД Скопје.

„Обвинетиот Н.Ј. поттикнат од сега покојниот И.К. како полномошник на двете правни лица – сопственици на капиталот, во јули 2007 година, иако знаел дека 126.632 акции од „Орка холдинг“ АД Скопје се прибавени со кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 од КЗ, склучил договор за купoпродажба. За износ од 21.588.000,00 денари на правно лице од Лугано му продал 99,88% од акционерскиот капитал, а правното лице било преименувано во Евро балкан груп. Во август 2012 година акциите повторно се продадени на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје за износ од 61.380.000,00 денари, по што правното лице Евро балкан груп во септември истата година е преименувано во „Кара“АД Скопје со што бил прикриен изворот и сопственоста на акциите. Правното лице „Кара“ АД Скопје како правен следбеник на правното лице „Орка холдинг“ АД Скопје и ДПТУ„ХООР“АД Кавадарци на 26.04.2022 година по претходно дадена сметка и износ од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција исплати износ од 320.918.372,00 денари на сметката на Управата за јавни приходи“, се потенцира во денешното соопштение од републичкото Јавно обвинителство.

За останатиот дел од истражната постапка позната во јавноста како „Империја“, во која е опфатен период по 2009 година, како и стечајната постапка на МПМ, нагласуваат од Обвинителството, постапката продолжува, течат роковите во кои согласно закон обвинетите и одбраната имаат право на увид во доказите и предлагање на докази. По истекот на овие рокови предметниот обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука.​​

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ