• Latest

Јохансон побарала од бугарскиот премиер да се деблокира договорот за Фронтекс со Скопје

October 20, 2020

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јохансон побарала од бугарскиот премиер да се деблокира договорот за Фронтекс со Скопје

October 20, 2020 13:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, за МИА потврди дека е во контакт со бугарската влада за да се најде решение за блокада на договорот за Фронтекс со Северна Македонија од страна на Софија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Северна Македонија не може да го финализира договорот за гранично управување со Европската Унија поради билатералниот спор со Бугарија. Европската Унија почна да ги склучува овие договори со земјите од западниот Балкан за да ги интегрира во граничното управување со цел спречување на „нерегуларна миграција“. Засега само Албанија го има финализирано, Црна Гора е на добар пат, а Северна Македонија би требало да го склучи штом се решат несогласувањата со Бугарија, според дипломатски извори за МИА.

Еврокомесарката Илва Јохансон потврди дека работи на случајот.

-Се надевам дека ќе го склучиме договорот за Фронтекс со Северна Македонија што е можно побрзо, го отворив ова прашање со премиерот на Бугарија за да можеме да напредуваме затоа што е многу важно, изјави Јохансон за МИА.

Еврокомесарката денеска брифираше неколку бриселски дописници во пресрет на министерскиот состанок помеѓу ЕУ и западен Балкан кој ќе се одржи во четврток преку видео конференција.

Ова е редовен годишен состанок помеѓу ЕУ и регионот, кој се смета за клучен за миграциските прашања, со оглед на важноста на балканската рута за барателите на азил.

Јохансон прв пат ќе учествува на оваа средба откако ја презема функцијата еврокомесарка за внатрешни работи.

Минатиот месец таа го презентираше новиот Пакт за азил и миграција на ЕУ со надеж да се надминат досегашните несогласувања помеѓу земјите членки на ЕУ за градење заедничка европска политика на азил и миграција.

Во овој контекст, вели Јохансон, соработката со земјите од западен Балкан е клучна не само поради тоа што се наоѓаат непосредно на надворешните граници на ЕУ туку и затоа што имаат перспектива на полноправно членство во заедницата.

На состанокот во четврток министрите за внатрешни работи ќе разговараат за менаџирање на миграцијата, договорите со Фронтекс за гранично управување, организираниот криминал и трговијата со луѓе.

За Европската Комисија спречувањето на криминалните мрежи на трговија со луѓе е едно од најважните прашања.

Запрашана дали Европската Комисија е запознаена со фактот дека некои од лицата кои „превезуваат“ мигранти го прават тоа за мали пари и за опстанок, Јохансон порача дека е свесна дека некои од тие лица не се „крупните риби“, но дека борбата против трговија со луѓе преовладува.

-Дури и да се занимавате со криминални активности за преживување, тоа останува криминално, тоа не го исклучува фактот што се дел од големи мрежи, според извештајот на Европол многу луѓе работат за тие мрежи, можеби тие не се крупните риби, но се дел од нив, и дури ако не се свесни колкава е структурата, сметам дека треба борба против трговијата со луѓе дури и кога не се крупни риби, изјави Јохансон.

На средбата ќе се разговара исто така за „лажните“ баратели на азил од самите земји од западен Балкан кои во ЕУ поднесуваат барања кои имаат речиси непостоечки шанси да бидат прифатени.

Јохансон за МИА изјави дека бројот на овие „неоправдани“ барања за азил од западен Балкан не претставува веќе крупен проблем како што беше случај до пред неколку години и дека соработката со властите во регионот е добра.

-Го немам точниот број за секоја земја во овој момент, но наскоро ќе презентираме извештај кој ги разгледува состојбите по земја, мојот впечаток дека работите се добри, имаме добра соработка со земјите и не сме алармирани, рече еврокомесарката одговарајќи на новинарско прашање.

Извор: МИА

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ