• Latest

Јовановиќ: Доколку се остварат најавите на Трамп за царини за Кина и ЕУ, тоа ќе значи почеток на трговска војна

January 23, 2025
Фото: Влада на Република Северна Македонија / Фејсбук

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

August 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia

Протестите на самитот во Анкориџ со наслов „Алјаска стои со Украина“ испраќаат јасни пораки до Трамп и Путин

August 13, 2025
Фото: Скриншот од видео на
BBC News

Израел го бомбардира градот Газа, додека сојузниците бараат акција против „ширењето на гладот“

August 13, 2025

24 ЧАСА: Полициски притисок врз новинарите во Демир Хисар; Кондарко смета дека ни е потребен нов Изборен законик; Трамп нареди федерализирање на полицијата во Вашингтон; Украина гори, Газа гладува – а светот гледа настрана

August 12, 2025
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда ќе разговара со експерти за условите за учество на независните кандидати

August 12, 2025
фото: ВИ

МФ: Во изборен период исплатите од Буџетот транспарентно ќе се објавуваат во посебна база за буџетски трошоци

August 12, 2025

Новинарите кои го следеа увидот во гимазијата во Демир Хисар беа легитимирани од полициските службеници, иако носеле новинарски легитимации

August 12, 2025

Луксузни јахти и лигњи на Заев и Филипче – рецепт на власта за дефокус од скапотијата и празната кошничка

August 12, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Независни кандидати наместо партиски

August 12, 2025
Изет Меџити, Христијан Мицкоски
Фотомонтажа / А. М.

Мицкоски – Меџити: Етничка поларизација на ниво на премиер и вицепремиер

August 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јовановиќ: Доколку се остварат најавите на Трамп за царини за Кина и ЕУ, тоа ќе значи почеток на трговска војна

January 23, 2025 11:20
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку се остварат најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за царини за Кина и Европа, тоа ќе значи почеток на трговска војна бидејќи веројатно е дека и Кина и Европската унија ќе одговорат со слични мерки, вели универзитетскиот професор од Виенскиот институт Бранимир Јовановиќ во изјава за МИА.

Тоа ќе значи повисоки цени на увозните производи, помал увоз и извоз, повисока инфлација и пониска економска активност, вели Јовановиќ.

– Во колкава мера, ќе зависи од тоа до каде ќе одат работите, ама во некое благо сценарио, моделите покажуваат дека глобалниот раст би забавил за околу 0,3 процентни поени, а во полош случај, за цел поен. Со оглед на тоа што светскиот БДП е околу 110 трилиони долари, тоа значи дека цената на трговската војна би била помеѓу 350 и 1100 милијарди долари годишно, вели Јовановиќ.

Што се однесува до Македонија, главниот ефект би бил преку намалената економска активност во ЕУ, што ќе се одрази на македонскиот извоз. Во таков случај, Јовановиќ очекува забавување на економскиот раст, но не и рецесија.

– Со оглед на тоа што автомобилската индустрија веројатно прва би се нашла на удар на царините, а македонскиот извоз во ЕУ во голем обем е во оваа дејност, ефектите веројатно би биле нешто поголеми отколку за глобалниот раст. Но, сепак не би очекувал да дојде до рецесија, поверојатно е дека растот би забавил за 0,5-1,5 процентен поен, односно, наместо БДП да расте 3 проценти годишно, би растел 1,5-2,5 проценти, појаснува Јовановиќ.

Јовановиќ посочува дека Трамп долго време најавува дека ќе воведе царини, и за ЕУ и за други држави, но вели дека според она што го прави во првите неколку денови, се чини дека царините ќе ги користи како средство за остварување други цели.

– Конкретно, ќе бара ЕУ да купува повеќе оружје, нафта и гас од Америка и ќе уценува дека ќе воведе царини доколку не дојде до тоа. Според досегашните изјави на европските политичари, се чини дека повеќето од нив се согласни да го направат тоа, што е своевидно клекнување на колена пред Трамп, ама веројатно би ја спасило ЕУ од царини, барем на некое време. Прашањето е до кога би можело да оди така, и мислам дека нема да може долго, затоа што Трамп постојано ќе има нови барања, што луѓето во Европа нема да можат да го поднесат. Затоа сметам дека е само прашање на време кога царините ќе бидат воведени, и на ЕУ и на Кина, и на други земји, изјави Јовановиќ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

    ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ: Моделирање и пристапи (1)

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Без автор, со агенда: Јахта-пропаганда и предизборен спин на Плусинфо

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • 24 ЧАСА: Јахта-пропаганда и предизборен спин; Мицкоски контра Меџити за УЧК; Пет новинари убиени во Газа

    85 shares
    Share 34 Tweet 21
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ