Професорот и активист, Бранимир Јовановиќ, на својот Фејбук профил реагира за тоа дека текстилните газди бараат да се продолжи работното време во текстилната индустрија на 8 и пол саати, зашто работничките имале пола саат пауза.
https://www.facebook.com/brantscho/posts/10156697234647078
„Јас мислам малку е 8 и пол саати, 12 треба да бараат. И да се работи 7 дена во неделата. И да се забрани одење во тоалет за време на работа. И излегување надвор од халата. И зборување да се забрани. И јадење и пиење. И окови да им се стават на работничките. И на секои десет работнички, по еден камшикар.
Зашто стварно не иде газдите да возат џипови од по 100.000 евра. Треба веќе и приватни авиони да почнат да купуваат“, пишува иронично Јовановиќ.
Д.М.