• Latest

ЈСП тортура кон „обичните смртници“

October 6, 2020

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

ЈСП тортура кон „обичните смртници“

October 6, 2020 11:07
in ВЕСТИ, МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа на својата Фејсбук страница неодамна го постави прашањето: Колку би биле ефикасни најавените мерки со редуцирање на јавниот градски превоз во однос на заштита од КОВИД-19?

Со почетокот на пандемијата со Ковид-19, потребата од превенција и заштита наметна многу мерки меѓу кои и редуциран јавен превоз. Тоа подразбира намалување на бројот на автобуси и скратување на возниот ред. Но, последиците од ваквата мерка беа преполни автобуси, без места за седење, со голем дел од патници што не носеа заштитна маска, , постојани расправии. И ова според сведоштвата на голем број граѓани, е нивното прво добро утро за почеток на работниот ден, но и добар остаток од денот меѓу 16 и 17 часот кога најголем дел се враќаат од работа.

За жал, прашањето не предизвика реакција на Фејсбук, но проблемите останаа исти. Во продолжение како тоа излгеда, Фејсбук статус на Мелиса Муриќ:

„ЈСП, до кога ние патниците ќе ја трпиме тортурата од ваша страна? Зарем ние ,,обичните смртници”, што се возиме со автобус немаме никакви права, никакво достоинство?
Испровоцирана сум од настан, пред три часа, при враќање од работа, во кој како повеќето ,,обични смртници” одам и се враќам од работа со автобус. Автобус со возен ред од Шуто Оризари до Карпош, односно, автобусот 19, иако веќе подолго време не се внимава на возниот ред кој е објавен на официјалната страна на ЈСП, а кој според возниот план треба да го има на секои 15 минути, ние, патниците во нормални услови го чекаме од 25-30 минути.
Но, она што се случи денеска ги премина сите граници, покрај тоа што автобусот го чекавме половина час за да пристигне, по пристигнувањето само застана за да се симнат патниците и го продолжи својот пат, без да почека да се качат патниците кои веќе половина час го чекаа и кои беа во поприличен број, и по сето ова голем број патници меѓу кои и јас останавме да го чекаме наредниот автобус кој дојде после 45 минути. Да, да, после цели 45 минути.
Дали ќе има одговорност за ова што се случува, секојдневно, и не само со 19, ова се случува и со другите автобуски линии, во кој покрај тоа што доцниме со нашите секојдневни обврски, големи се и шансите да можеме да се заразиме поради целокупната ситуација со вирусот и гужвите, доволно е еден да е заболен за сите да се заразиме.
Дали некој ќе сноси последици за ова што се случува и дали некој воопшто ја контролира целокупната ситуација? Како ќе ни ги надоместите штетите и лошите услови кои ги трпиме од ваша страна, а кои ние патниците за неплатена карта плаќаме штета со казна од 1000 денари, а реално ниту картата од 35 денари не ја заслужувате.
Уште слушам имало предлог за редуцирање на автобусите, се надевам дека не го знаат значењето на зборот редуцирање и со тоа мислат да го зголемат бројот на автобуси.“

https://www.facebook.com/melisa.muric.376/posts/790348915118225

Доколку се воведат нови рестриктивни мерки, препорака до ЈСП Скопје е да не ги редуцира дополнително автобусите и намалува бројот на линиите, напротив, треба да размисли за зголемување на бројот на автобуси и линии со што ќе се намали секојдневната гужва, а истовремено ќе се намали времето на чекање по автобуските постојки. На тој начин ќе се зголеми и безбедноста, но и заштитата на граѓаните од Ковид-19.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ