• Latest
Добро утро со Орданоски

Јуридизација на религијата?

April 25, 2019

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Јуридизација на религијата?

April 25, 2019 07:30
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]В[/dropcap]о напливот на реакции и контрареакции по повод случувањата во ИВЗ, можеби е ред некој да постави и неколку логични, здраворазумски прашања, вон безобразлукот за примитивна злоупотреба на настаните во ИВЗ во политички, предизборни цели.

На пример, нејасно е што се сака да се каже со цитирањето на член 19 од Уставот на РСМ каде, меѓу другото, стои дека „Македонската православна црква, другите верски заедници и религиозни групи се одвоени од државата и се еднакви пред законот“? Дали нивната одвоеност од државата значи дека се тие над законите на државата?

Ако државата уредила дека постои Единствен судски регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи, во кој постои постапка за запишување на верските челници на овие религиозни институции, зошто е спорно доколку надлежниот суд законски ја спроведува таа постапка? Од ИВЗ, впрочем, не го оспоруваат правото на Судот да решава за ова, туку – колку што можеше да се разбере во целата колоритна врева – велат дека решението е донесено како резултат на „политички притисок“, врз основа на фалсификувани записници и потписи во спроведувањето на судската процедура. Тоа е сериозно обвинување за легалноста на целата судска постапка, што мора доследно да се провери. Но, нема врска со членот 19 од Уставот на РСМ.

До тука завршува правото. Од тука почнува политиката.

Зошто баш сега, среде изборна кампања, Судот решил да впишува нов Реисул Улема на ИВЗ?

Наједноставниот одговор е дека, во правна држава, Судот нема обврска да води сметка за политичкиот момент во кој донесува одлуки за тековни постапки во рамките на своите надлежности. Не е Судот политичка партија или пропаганден интернет портал, па да го консултира изборниот роковник за да си ја врши работата.

Така е во правна држава.

Македонија, знаеме, главно е неправна држава, па затоа и може политичките пропоненти на „сваровски судството“ веродостојно да го имплицираат принципот на „превара“ и во оваа судска постапка. Тоа го изнудува прашањето кому политички му одговара временскиот опортунитет токму сега „неправното“ судство, преку религијата, да се меша во изборниот процес? Ова бара политичка, а не правна анализа.

Имајќи го предвид „ликот и делото“ на сегашниот Реисул Улема во ИВЗ, за кого обвинувањата за терање политикантство се свежа вест како ланскиот снег, можно е власта да се посомневала за негова вмешаност во одвраќање на верниците да учествуваат во изборниот процес, со што го крши токму членот 19 од Уставот на РСМ за одвоеноста на религијата од државата. Таа уставна одредба е двонасочна: колку што важи за државата, толку важи и за религиозните заедници. Затоа, можно е „некој“ во власта да помислил дека е дојдено време „правно“ да се дисциплинира Реисул Улемата токму пред вториот круг на гласање, за да се заштити политичкиот процес во државата од политикантското, но и незаконско мешање на религијата во него.

Второто објаснување може да е спротивното од првото: некоја структура вон интересите на оваа власт да помислила дека е баш згодно време да се направи политички скандал во ИВЗ за да се изиритираат муслиманските верници во државата и да се поттикнат да не излезат на гласање во вториот круг на претседателските избори, со што не само што ќе се доведе во прашање изборниот резултат кај спротивставените страни, туку може и да го „сруши“ цензусот за успешноста на целиот изборен процес, со туркање на државата во нова политичка криза со непредвидливи последици.

И двете објаснувања се прилично конспиративни. Но, не се невозможни, ниту од политичкиот, а ни од „инфраструктурниот“ аспект за нивно спроведување. Тие се темелат врз премисата дека во Македонија правната држава е со „сваровски“ квалитет, а контроверзниот Реисул Улема е идеална цел за ваков потфат. Останатото е прашање на пропаганда.

Не е неважно да се дознае кое од можните сценарија за ваква, евентуална, изборна манипулација е на дело. Но, тешко е веројатно тоа да се открие до вториот круг на гласањето.

Затоа, останува на поклониците на ИВЗ, кои се и учесници во изборниот процес, самите да одлучат дали овие случувања во нивната верска заедница ќе им влијаат врз одлуката дали и како ќе гласаат во претседателската трка.

А сигналите за тоа кој стои зад оваа можна валкана игра – или кој се обидува од неа политички најмногу да се офајди – најлесно се откриваат со примена на еден едноставен метод: проценете кој со своите постапки и изјави долева масло, а кој се обидува да го изгаси „огнот“.

Вклучете мозок, чист здрав разум.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.

Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share266Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ