• Latest
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Каде го загубивме чувството за срам?

Срамот некогаш беше дел од воспитувањето. На тоа се учеше секојдневно – преку поглед на мајката, преку збор на учителот, преку молчењето на таткото кога ќе направиш нешто што не треба. Не постоеше посебен предмет за него, но сите го знаеја.

November 7, 2025 19:40
in СЛОБОДНА ЗОНА
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023 фото: Д. Муратов

Share on FacebookShare on Twitter

МИРОСЛАВ ЈОВАНОВИЌ

Последниве недели се изнаслушавме разноразни изјави и мисли исфрлени од малиот мозок на дежурните „мислители“, „експерти по општа пракса“, политичари и други – по овој или оној повод, но никој од нив не покажа ни трунка срам за изречената глупост, искажана во форма на света промисла. Кога само за изминативе две недели би навел дел од изречените идиотштини, би се родило алтернативно, негативно издание на популарната „Британика“.

Како срамот се изгуби од општествениот живот и говор – и зошто?

Некогаш, глупоста се криеше од срам, налик на смрдливи нозе. Луѓето се плашеа да кажат нешто бесмислено за да не испаднат смешни. Бесрамноста, пак, беше синоним за невоспитаност. Денес, и едното и другото станаа начин на самопромоција. Што е погласен, посамоуверен и побезобразен некој – толку повеќе внимание добива. Причината е едноставна: општеството се претвори во сцена. Во светот на денешните медиуми и мрежи, не е важно дали зборуваш нешто паметно – важно е само да зборуваш гласно и по можност со што повеќе гестикулација, со што повеќе запалива реторика. Паметниот размислува, се двоуми, бара зборови. Глупавиот нема такви проблеми – тој секогаш има подготвен одговор. И токму затоа е „видлив“. Бесрамноста, пак, стана доказ за „автентичност“. Престанавме да правиме разлика меѓу храброст и безобразие, меѓу спонтаност, фин вкус и вулгарност. Како резултат на тоа, во нашата виртуелна реалност, некои тоа го крштеваат „паралелен свет“ – дигиталните мрежи – бесрамните добиваат гледаност, глупавите стануваат „инфлуенсери“, проститутките – „старлети“, а скромните исчезнуваат во тишина. И така, полека се создаде нова норма: да бидеш паметен и воздржан е досадно; да бидеш гласен и бесрамен – тоа е модерно. Но зад тој „мејнстрим“ стои празнина. Секое општество што ја консумира и слави глупоста, на крајот ѝ служи.

Како дојдовме дотука до каде што сме денес?

Некогаш срамот беше мерило за човекот. Тоа не беше страв, ниту покорност, туку онаа тивка, внатрешна линија што те потсетува дека постои граница во сè. Човекот се срамеше ако го фатат во лага, ако не ги почитува постарите, ако направи нешто што „не е убаво“. Денес, меѓутоа, изгледа дека срамот станал архаичен збор – нешто што се спомнува само во старите книги и во црно-бели филмови. Срамот некогаш беше дел од воспитувањето. На тоа се учеше секојдневно – преку поглед на мајката, преку збор на учителот, преку молчењето на таткото кога ќе направиш нешто што не треба. Не постоеше посебен предмет за него, но сите го знаеја. Се чувствуваше во воздухот, во начинот на кој луѓето си зборуваа, во тоа што некои работи едноставно не се кажуваа или прашуваа, не затоа што беа забранети, туку затоа што беа недолични.

Општеството престана да поставува граници, исчезна јавниот коректив, сè стана „дозволено“ во името на слободата. Но, слободата без одговорност се претвори во општо безобразие. Страхопочитта кон јавноста исчезна, дури стана непосакувана особина за оние што сакаат да станат „нешто“. Луѓето почнаа да ја мерат сопствената вредност преку успех, пари и слава, а не преку чест, труд и скромност. Срамот, како нешто што потсетува на скромност, почна да се смета за слабост. Оној момент кога „јас“ стана поважно и доминантно во однос на „ние“, ја изгубивме битката, бидејќи мислевме дека сета животна мудрост или филозофија се сведе на задоволувањето по секоја цена на сопственото „јас“, без трунка срам, грижа на совест или емпатија; мојот стомак по секоја цена да е полн, а светот нека оди по ѓаволите… Денес повеќето луѓе (чест на исклучоци) не се срамат од ништо. Напротив, се фалат со она поради кое некогаш ќе се покриеја до уши. Постои поговорка: „од што паметниот се срами, будалиот се фали“. Сè што некогаш беше повод за црвенило на лицето, сега е причина за аплауз и „лајк“. И ете, бесрамноста се роди.

Како да го вратиме срамот на голема врата во општеството?

Срамот, всушност, не исчезна целосно, само се повлече на маргините на општеството, засрамен од нашиот нов свет без скромност, воспитување, тишина и без граници.

Како да го вратиме срамот на голема врата во општеството што се одрекло од него? За почеток, да се обидеме да ги почитуваме оние што се извинуваат, што признаваат грешка, што го спуштаат тонот и навидум делуваат понизно; не, тие имаат драгоцено чувство на срам! Побогати се од нас во форма на човечко руменило што нè разликува од камењата. Да ја негуваме доблеста како извонредна особина, да престанеме да ги навредуваме или тепаме учителите и наставниците затоа што нашите деца се „генијалци“, да го промовираме и вратиме чувството за мера, да ги вратиме вредностите што го хранат срамот – честа, достоинството, обѕирот. И најважно од сè – да не се повлекуваме пред глупоста, бесрамниците и будалите. Тие заслужуваат јавен презир и исмевање како општествена казна! Без исклучок!

Можеби еден ден срамот сам ќе затропа на нашите врати и преку зборовите на Свети Аугустин ќе ни препорача и ќе нè потсети дека „правото си е право, дури и ако никој не го прави; погрешното е погрешно, дури иако сите го прават“.

Затоа, време е срамот да се врати на голема врата во нашето општество. Не како казна, туку како знак дека сè уште имаме надеж за нас.


Преземено од Слободен Печат (Авторот е медиа директор на „Слободен печат“)
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ