• Latest

Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари

November 1, 2020
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Кај граѓаните што скенираат сметки месецов ќе легнат близу 500 милиони денари

November 1, 2020 09:58
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси 500 милиони денари овој месец ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ, врз основа на скенирање сметки преку МојДДВ во текот на третото тримесечје и за време на мерката Викенд без ДДВ што се реализираше на 10, 11 и 12 октомври, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки. За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ нешто над 63 милиони денари, пренесува МИА.

-Во текот на ноември Управата за јавни приходи ќе спроведе исплатата за финансиски средства по основ на враќање на дел од данокот за додадена вредност за месеците јули, август и септември 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица, информираат за МИА од Управата за јавни приходи.

Оттаму додаваат дека во текот на ова трето тримесечје во месеци јули, август и септември 2020  остварен е промет од  29,8 милијарди  денари, од кои прометот од македонски производи изнесува  7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува  21,9 милијарди денари.

-На граѓаните, како што наведуваат за МИА,  за ова тримесечје  ќе им се врати, односно исплати  околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година.

Во текот на овој месец се очекува исплатата и на поврат на ДДВ од остварениот промет за време на Викеднот без ДДВ. За ова се чека на донесување на ребалансот на буџетот кој е во собраниска процедура и за кој веќе се расправа на пленарна седница. Расправата почна во четвртокот и веќе се расправа три дена, а најмногу согласно Деловникот може да трае пет дена.

-Мерката Викенд без ДДВ  е дел од четвртиот сет антикризни мерки, кои пак се условени од усвојување на ребалансот на Буџетот на РСМ во Собранието на РСМ. Штом ребалансот биде усвоен од страна на Собранието,  ќе се создаде законска можност за спроведување на мерките вклучително и оваа мерка и ќе се исплатат средствата. Сите граѓани кои оствариле право на враќање на целосниот износ на данокот на додадена вредност за време на ,,Викендот без ДДВ,  ќе им се исплатат финансиските средства  на нивната трансакциска сметки, истакнуваат од Управата за јавни приходи. 

Викендот без ДДВ се реализираше на 10, 11 и 12 октомври. Според податоците на УЈП во овие три дена вкупно 204 088 граѓани купиле  македонски производи и услуги како и компјутерска опрема и издадените фискални сметки ги скенирале преку апликацијата МојДДВ.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на  ДДВ во износ од  66.853.929  денари.

Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе  фискални сметки и беше остварен  9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.

Викендот без ДДВ беше првата мерка од четвриот пакет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра и чија реализација чека на усвојување на ребалансот на буџетот, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ