Постојат повеќе анализи и проценки како би изгледала и во кои фази би се одвивала една целосна воена инвазија на Русија врз Украина. Едно од сценаријата изработи американскиот Институт за студии на војната.
-
Јужна Украина
Руските сили напаѓаат од Крим и Донбас „со намера да ги привлечат украинските сили таму“.
-
Источна Украина
Руските механизирани сили ги опколуваат и изолираат големите градови како Харков, Днипро и Киев.
-
Река Днепар
Повеќето руски сили се очекува да го запрат своето напредување кај реката, со исклучок на оние кои се упатуваа кон Киев.
-
Брегот на Црното Море
Заземањето на Одеса преку Придњестровје, Крим и/или преку морето, ќе ѝ помогне на Русија да се стекне со ефективна контрола врз крајбрежјето на Украина.
-
Киев
Руските сили би можеле да избегнат да мораат да го преминат Днепар во Украина со напредување кон Киев од југоисточна Белорусија.
-
Југозападна Белорусија
Напредувањето кон Киев од подалеку од запад би значело дека руските сили би можеле да ги заобиколат мочуриштата Припет и областа Чернобил