• Latest
Зоран Бојаровски

Како македонскиот јазик се одбрани од надворешните и внатрешните „баби тажачки“

October 14, 2022
Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/Фејсбук

ЦИВИЛ прашува – Лукоил, МНР и Економија молчат

September 10, 2025
Фото: А. Петровска / ЦИВИЛ

Љубчо Георгиевски: Патриоти сме кога Албанците или Бугарите треба да стават споменик, а за спомен плоча на докажан асимилатор – српски четник – нема проблем

September 10, 2025

Првиот полицаец по стапките на првиот човек на правдата

September 10, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Институционалната криза во Косово продолжува; Сомнежи за масовна гробница во депонија кај Нови Пазар; Нетранспарентните договори на консултантските услуги во Албанија се нелегални

September 10, 2025
Фото: Лукоил Македонија/ Фејсбук

Германија и Франција бараат санкции за Лукоил – што со подружниците во регионот

September 10, 2025
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ за УКРИНФОРМ)

Кога вистината станува релативна, пропагандата победува

September 10, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Русија ги засилува напорите за дезинформации додека Трамп се откажува од отпорот

September 10, 2025
Campaign illustration, source- Ukraine solidarity campaign

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

September 10, 2025
Фото: МИА архива

Над 630 српски лекари во отворено писмо до властите: Репресијата зачекори во срцето на здравствениот систем, ја урна границата на цивилизацијата кон варварство

September 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Како македонскиот јазик се одбрани од надворешните и внатрешните „баби тажачки“

October 14, 2022 16:19
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Зоран Бојаровски

Зоран Бојаровски

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Највисокото тело на ЕУ – Европскиот совет донесе одлука за потпишување на договорот за соработка во управувањето со границите меѓу Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс) и Северна Македонија. Советот ќе ја испрати нацрт-одлуката за склучување на договорот до Европскиот парламент за негова согласност преведен на 25 јазици, меѓу кои и на македонски јазик и доставен до земјите членки на Европската Унија.

Договорот, како беше соопштено, ќе биде изработен во дупликат на бугарски, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, летонски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански, шведски и македонски јазик, секој од текстовите подеднакво автентични.

Молам, да се подвлече со две линии – на македонски и на бугарски, вклучително и на останатите 23 јазици на земјите членки на ЕУ.

Ова е прв договор меѓу ЕУ и Северна Македонија во ваков формат кој ќе биде стандарден за сите останати договори меѓу Брисел и Скопје.

За успешно имплементирање на стандардите на ЕУ, нашата земја го спроведува преводот на правото на ЕУ како наша обврска која мора да биде извршена со највисок квалитет и да се одвива континуирано и да биде завршено во текот на процесот за полноправно членство, кога македонскиот јазик ќе го добие статусот на еднаков и официјален јазик на Унијата.

Со ова уште еднаш се потврди посебноста и автентичноста на македонскиот јазик, како суштински дел од македонскиот идентитет, и уште еднаш, по којзнае кој пат, паднаа во вода сите негирања и напади на македонскиот јазик.

Ова е голем настан за нас и за ЕУ. Македонскиот јазик ги издржа сите жестоки напади и од надвор и од внатре. Парадоксално, но вистинито, највисоките ЕУ претставници застанаа во одбрана и признание на македонскиот јазик, наспроти сите оние кои од надвор, а посебно оние од внатре, или го негираа или кукумјавчеа дека бил „избришан“, дека бил само „фуснота“, дека со тоа македонскиот народ бил соочен со „геноцид“, и што ли уште не.

Ајде да се потсетиме за да не се заборави:

Претседателката на Европската Унија дојде во Скопје, и од собраниската говорница порача дека во „францускиот предлог“ македонскиот јазик не е во фуснота или избришан од текстот и порача:

„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик и ние целосно го почитуваме тоа, затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик без квалификација од Европската унија. Предлогот го почитува и вашиот национален идентитет, принципот на самоидентификација е важен за секој од нас“, рече таа, а овие зборови на гостинката од ЕУ беа проследени со зборови како „предавници“ и „фашисти“.

Непосредно пред „францускиот предлог“, на домашните „баби тажачки“ „по умрениот јазик“ им беше сервирана дезинформацијата дека со интерна одлука на Секретаријатот на Обединетите Нации, на сите служби им било наложено наместо терминот „македонски јазик“ да се користи терминот „јазикот на Република С Македонија (РСМ).“ Но, овие информации не беа поткрепени со никакви докази, туку се повикуваа на неименувани извори.

Ваквите информации веднаш ги демантираше Министерство за надворешни работи и ги оценува ги како шпекулации, а демант стигна и од Обединетите нации од каде што посочија дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology) и дека таму е јасно е наведено дека јазикот на земјата е „македонски јазик“.

Паралелно со овие дезинформации, со истата цел да ја доведуваат јавноста во заблуда и да го поларизираат јавното мислење, беа и писанијата и настапите на претседателот на МАНУ дека се укинува Катедрата за македонски јазик и дека „се брише сѐ што носи македонско име, се урива македонистиката на Филолошкиот факултет“.

Ставовите на Коцарев веднаш беа демантирани од деканката Анета Дучевска и 15 професори и друг наставен кадар на факултетот кои „тврдењата за евентуално укинување на Катедрата за македонски јазик“ ги именуваа како „целосни невистини и манипулации“.

На оваа нечесна кампања со дезинформации за македонскиот јазик им се придружи и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со изјавите од типот „вековното постоење и македонската самобитност на нација и јазик е загрозена…“ и како своето учество во ширење погрешни информации за македонскиот јазик ќе каже дека тој е „кодифициран во далечната 1977 година“.

Не знам дали некој може да го врати лидерот на „најмакедонската партија“ во основно училиште, ама од реакциите на јавноста барем би требало да запамети дека Кодификацијата на македонскиот јазик е поврзана со Решението на Првото заседание на АСНОМ (2 август 1944) за воведување на македонскиот како службен јазик во македонската држава; со Решението на Президиумот на АСНОМ од мај 5 мај 1945 година за македонската азбука; и со официјалното усвојување на македонскиот правопис – 7 јуни 1945 година.

Тоа се фактите во прилог на кодификацијата на македонскиот јазик, а фактите од 2017 година наваму се и тие дека 5 мај е утврден за Ден на македонскиот јазик, дека веднаш после Договорот од Преспа, во личната карта на Република Северна Македонија како официјален јазик на земјата е македонскиот јазик, без никакви фусноти и дополнителни објаснувања; дека претходниот премиер Зоран Заев беше првиот кој од таа функција се обрати на македонски јазик во Европскиот Парламент во 2018 година, проследен со стоечки овации; дека во овој период се дигитализирани Правописот и Речникот на Македонскиот јазик…

За завршница на овој текст, да ја најавам последната фаза од дигитализацијата на проектот „Отсекогаш, сега и засекогаш” од повикот за „Дигитализација на картотеките при Институтот за македонски јазик Крсте Мисирков”, кој го спроведе ФИТР во соработка со Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Со овој проект, за прв пат ќе се овозможи дигитализација на повеќе од пет милиони оригинални записи, стари над петстотини години, со кои располага Институтот „Крсте Мисирков”, со што значајно ќе се промени достапноста на содржините за сите корисници и ќе се подобри заштитата на изворите на македонскиот јазик, во сите можни сценарија, трајно и засекогаш.

Еден од првите големи научни проекти кој ќе произлегува од вака систематизирано јазично наследство е етимолошкиот речник на македонскиот јазик кој наскоро ќе го заокружи тимот македонисти во институтот.

Ете таа се брани и чува македонскиот јазик, а не како „бабите тажачки“.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ