Антикорупциска отвора два предмети за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, oдносно Комисијата по допрен глас ќе испитува како Мицкоски во време додека бил директор на државната ЕЛЕМ и советник за енергетика на поранешниот премиер Никола Груевски добил под концесија државно земјиште од 33.000 метри квадратни и концесија за користење води како сопственик на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“. Оваа фирма на Мицкоски, како основач, и на Димитар Димоски, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ во Министерството за транспорт и врски ги изградила хидроцентралите, кои и денеска работат и се во нивна сопственост.
Мицкоски е еден од сопствениците на компанијата „Енерготек ДОО Скопје“, основана во мај 2014 година, за едно со Димитар Димовски, тогаш висок функционер во Министерството за транспорт. Оваа компанија заедно со компанијата „Минка ДА“, основа конзорциум „МИНКА – ЕНЕРГОТЕК ДОО“ Скопје кој од Владата добива концесии за користење вода за изградба на хидроцентрали на реката Брегалница и на Клепалска река. Нивната фирма „Енерготек ДОО Скопје“ од Владата добива 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрала.
Во мометот на доделување на концесијата за хидроцентрали и на земјиштето, Мицкоски бил советник на тогашниот премиер Никола Груевски и директор ЕЛЕМ.
За Антикорупциска е спорно и како Мицкоски во септември 2016 година, избран од надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ продолжил да биде надворешен советник за енергтика на тогашниот премиер, кога владата ги предлага членовите на Надзорниот одбор на компанијата која го предложила за директор.
Tекст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети












