• Latest
Добро утро со Орданоски

Како се кали челикот?

October 12, 2018

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Како се кали челикот?

October 12, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ожеби е некаква коинциденција со 11 Октомври, денот на македонското антифашистичко востание, но вчера „налетав“ на низа неодамнешни есеи од британскиот историчар Ендју Робертс посветени на Винстон Черчил – патем, во последните петнаесетина години, најголем дел од студентите со кои разговарам немаат поим кој е Черчил, па вие сами извлечете заклучоци за тој „феномен“ – од кои човек, одново, може, на некој начин, да се инспирира… И тоа од онаа биографија пред, всушност, Черчил да се запише со најголеми букви во светската историја.

Роден е како „седмаче“, два месеци порано, а татко му (кој на Винстон гледал со презир и незаинтересираност) починал на 45 годишна возраст, кога Черчил имал само 20 години. Преживеал сериозен убод со нож во училиште и четири прележувања на пневмонија кога од таа болест лесно се умирало (еднаш за „влакно“ се извлекол), а доживеал и цела серија инфаркти на повозрасни години.

Како војник на Британската империја, учествувал во пет војни на четири континенти (во улога на командант на батаљон, триесет пати се нашол во акции на „ничија земја“ само во Првата светска војна). Во 1896 година во Индија морал со својот маузер да стрела во четворица „дервиши“ кои сакале да го заколат (биле нападнати од десетпати поброен противник, а тој ден неговата регимента во таа борба изгубила четвртина од својот состав). Нешто подоцна, во Јужна Африка во 1899 година, бидува заробен и успева да побегне од логор за воени затвореници, откако се спасува од заседа во која гинат третина од неговите соборци. Преживеал три тешки автомоболски несреќи (вклучувајќи и една многу сериозна во Њујорк), две паѓања на авионите во кои се возел, со денови бил во бесознание по пад од мост на висина од десетина метри, преживеал голем пожар во куќа, среде ноќ, во која престојувал, а за малку, во една прилика, и ќе се удавел во Женевското езеро…

Всушност, неговите биографи се чудат како е можно да немал доживеано (и преживеано!) атентат врз себе, што е необјаснива историска „аномалија“ кога е тој во прашање.

Така „подготвениот“ Черчил бил единствениот конзервативец во Британскиот парламент кој ќе го отфрли Минхенскиот договор, од 1938 година, со нацистичка Германија. На 65 годишна возраст, во 1940 година станал премиер на Велика Британија, и ќе ја „истера“ целата Втора светска војна, до 1945 година, на таа функција. Веднаш потоа ќе ги загуби изборите (!), за повторно да стане премиер од 1951-1955 година. Умрел на 90 годишна возраст, во 1965 година.

Во анкета на Би-Би-Си во 2002 година, бил изгласан за најзначајната британска личност во историјата, пред Чарлс Дарвин и Вилијам Шекспир! Меѓу другото, стигнал да освои и Нобелова награда за литература (1953).

Што сакам да кажам, баш денеска, со ова прераскажување на некои помалку и повеќе познати детали од животот на – да – убедениот империјалист Винстон Черчил?

Имено, политичката биографија на Черчил е една од најголемите историски поуки дека политичарите, без разлика на актуелните и минатите околности, не смеат да паднат под нивото на важноста на настаните за кои се доведени во ситуација да одлучуваат. Познато е дека самиот Черчил велел дека лидерите не се предмет на својата судбина, туку дека тие ја создаваат судбината!

Којзнае дали има нешто поучно во сето ова за некои од нашиве актуелни политичари? Не велам, фала богу, дека некој треба да помине низ војни, болести, авионски несреќи или на млади години да биде избоден со нож, за да развие стамен карактер. Но, сетики не може да е без влијание ни тоа што во денешнава политика многумина влегуваат на високи позиции без речиси никакво животно и професионално искуство, од домашни папучи, директно во политичка фотеља.

Не ќе да е присуството на неколку партиски митинзи доволна препорака за „создавање на судбината“?!

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Print Friendly, PDF & Email
Share408Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ