• Latest
Добро утро со Орданоски

Како се кали челикот?

October 12, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Како се кали челикот?

October 12, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ожеби е некаква коинциденција со 11 Октомври, денот на македонското антифашистичко востание, но вчера „налетав“ на низа неодамнешни есеи од британскиот историчар Ендју Робертс посветени на Винстон Черчил – патем, во последните петнаесетина години, најголем дел од студентите со кои разговарам немаат поим кој е Черчил, па вие сами извлечете заклучоци за тој „феномен“ – од кои човек, одново, може, на некој начин, да се инспирира… И тоа од онаа биографија пред, всушност, Черчил да се запише со најголеми букви во светската историја.

Роден е како „седмаче“, два месеци порано, а татко му (кој на Винстон гледал со презир и незаинтересираност) починал на 45 годишна возраст, кога Черчил имал само 20 години. Преживеал сериозен убод со нож во училиште и четири прележувања на пневмонија кога од таа болест лесно се умирало (еднаш за „влакно“ се извлекол), а доживеал и цела серија инфаркти на повозрасни години.

Како војник на Британската империја, учествувал во пет војни на четири континенти (во улога на командант на батаљон, триесет пати се нашол во акции на „ничија земја“ само во Првата светска војна). Во 1896 година во Индија морал со својот маузер да стрела во четворица „дервиши“ кои сакале да го заколат (биле нападнати од десетпати поброен противник, а тој ден неговата регимента во таа борба изгубила четвртина од својот состав). Нешто подоцна, во Јужна Африка во 1899 година, бидува заробен и успева да побегне од логор за воени затвореници, откако се спасува од заседа во која гинат третина од неговите соборци. Преживеал три тешки автомоболски несреќи (вклучувајќи и една многу сериозна во Њујорк), две паѓања на авионите во кои се возел, со денови бил во бесознание по пад од мост на висина од десетина метри, преживеал голем пожар во куќа, среде ноќ, во која престојувал, а за малку, во една прилика, и ќе се удавел во Женевското езеро…

Всушност, неговите биографи се чудат како е можно да немал доживеано (и преживеано!) атентат врз себе, што е необјаснива историска „аномалија“ кога е тој во прашање.

Така „подготвениот“ Черчил бил единствениот конзервативец во Британскиот парламент кој ќе го отфрли Минхенскиот договор, од 1938 година, со нацистичка Германија. На 65 годишна возраст, во 1940 година станал премиер на Велика Британија, и ќе ја „истера“ целата Втора светска војна, до 1945 година, на таа функција. Веднаш потоа ќе ги загуби изборите (!), за повторно да стане премиер од 1951-1955 година. Умрел на 90 годишна возраст, во 1965 година.

Во анкета на Би-Би-Си во 2002 година, бил изгласан за најзначајната британска личност во историјата, пред Чарлс Дарвин и Вилијам Шекспир! Меѓу другото, стигнал да освои и Нобелова награда за литература (1953).

Што сакам да кажам, баш денеска, со ова прераскажување на некои помалку и повеќе познати детали од животот на – да – убедениот империјалист Винстон Черчил?

Имено, политичката биографија на Черчил е една од најголемите историски поуки дека политичарите, без разлика на актуелните и минатите околности, не смеат да паднат под нивото на важноста на настаните за кои се доведени во ситуација да одлучуваат. Познато е дека самиот Черчил велел дека лидерите не се предмет на својата судбина, туку дека тие ја создаваат судбината!

Којзнае дали има нешто поучно во сето ова за некои од нашиве актуелни политичари? Не велам, фала богу, дека некој треба да помине низ војни, болести, авионски несреќи или на млади години да биде избоден со нож, за да развие стамен карактер. Но, сетики не може да е без влијание ни тоа што во денешнава политика многумина влегуваат на високи позиции без речиси никакво животно и професионално искуство, од домашни папучи, директно во политичка фотеља.

Не ќе да е присуството на неколку партиски митинзи доволна препорака за „создавање на судбината“?!

 

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share375TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ