• Latest

Календар на даночна регулатива – нова алатка на МФ за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

April 12, 2021
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: На пет дена до втор круг од локалните избори – ветувања за исчистено Скопје во рок од 72 часа, финансиска поддршка од 7000 денари за пензионерите, разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025

Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

October 27, 2025

Зебрњак: Историјата како алатка за влијание и тензии во Северна Македонија

October 27, 2025

ДИК утре ќе ги објави конечните резултати од првиот круг на локалните избори – разрешени избирачки одбори во Шуто Оризари

October 27, 2025
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Календар на даночна регулатива – нова алатка на МФ за зголемена транспарентност и предвидливост во бизнис-околината

April 12, 2021 10:19
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за финансии на својата веб-страна го објави Календарот на даночна регулатива – нова алатка за транспарентност и поголема предвидливост на бизнис климата во земјава. Во Календарот објавени се сите планирани промени на даночната регулатива до крајот на годината. Целта е да се информира бизнис-заедницата, како и јавноста, за да може поефикасно и поефективно да ги планираат своите активности во текот на годината.

Новата алатка е и во правец на барањата на Стопанската комора на Северна Македонија за утврдување на Даночен календар, односно да се даде грејс-период од усвојување на даночната регулатива до нејзината примена. Ќе се оди кон одложена примена на законите од даночната регулатива, кои ќе се носат во текот на годината со најмалку 6 месеци помеѓу усвојувањето на законот од страна на Владата до неговата примена. Така законите кои ќе се носат во текот на годината ќе влегуваат во важност од 1 јануари следната година, или пак, опционо, 1 јуни во текот на следната година, со исклучок и порано ако станува збор за даночни олеснувања или доколу се укаже неопходно од други причини, но со однапред утврден, транспарентен и инклузивен процес. На овој начин фирмите полесно ќе можат да ги прават финансиските планови.

На Календарот на даночна регулатива најавени се измени на 15 законски и подзаконски акти во текот на годинава. Меѓу нив е измената за Законот за данок на додадена вредност во насока на понатамошно усогласување со Директива на ЕУ во делот на утврдување на место на вршење на промет на услуги, воведување на терминот даночен застапник, овозможување на доброволна регистрација за ДДВ обврзник во текот на целата година и анализа за зголемување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ. Предвидени се и измени на Законот за данокот на добивка во насока на зголемување износот кој ќе се третира како признат расход за даночни цели од регресот за годишен одмор, анализа за доуредување на начинот на пренос на загубите на терет добивките во иднина и поедноставување на одредени процедури при отпис на материјалните и нематеријални средства.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ