• Latest

Кандидатите во битка за гласови кај другите граѓани

May 1, 2019
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кандидатите во битка за гласови кај другите граѓани

May 1, 2019 13:38
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дијана Тахири

Кандидатите за претседателското место на Република Северна Македонија се длабоко во вториот дел од кампањата пред финалниот ден на гласање во вториот круг. И не престануваат со меѓусебните препукувања, наместо да се концентрираат на промовирањето на своите цели и програми во нивното идно евентуално претседателствување со земјата.

„Важно е да не се гласа за Сиљановска, бидејќи таа сака да уништи се она што е направено во интерес на граѓаните. Во 2001 јас велев да за Рамковниот договор, таа беше против, јас бев за Законот за јазици таа беше против. Во недела сите кои ќе гласаат за неа, гласаат за нов Иванов. Знаете дека тој 10 години се што правеше правеше во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Сега, Сиљановска сака да продолжи како него, сака да го врати назад Никола Груевски кој избега во Будимпешта“, изјави Пендаровски на посетата со жителите од Липково.

Во меѓувреме, Груевски се шета по Будимпешта од време на време не удостојува со објави на неговиот Фејсбук профил. А како стигна до Будимпешта, се уште не се знае.

„Јас силно верувам дека само обединети во различностите, можеме да одиме напред, кон подобра иднина, кон НАТО и ЕУ. Токму затоа ќе бидам претседател кој поттикнува заедништво и меѓусебно разбирање. Во мојот кабинет ќе има претставници од сите етнички заедници избрани според нивната компетентност и професионалност. Кабинетот на претседателот ќе го отсликува нашето мултикултурно општество. Остро ќе се спротивставам на секоја партија која ќе се обиде да прави меѓуетнички тензии и на сите политики кои повикуваат на поделби и конфликти. Без разлика која политичка партија или коалиција е на власт отворено ќе ги критикувам политиките кои ќе го стават под знак прашање или на било кој начин ќе ги загрозат интересите на граѓаните, кои се и остануваат мојот највисок приоритет.“, вели Пендаровски во соопштение до јавноста и медиумите.

Силјановска Давкова вчера одби да одговори на повикот од иницијативата #НаМегдан, со следново образложение: „ Мојата агенда е преполна, јас ги почитувам сите, но не мислам дека се тие разочараните шарени револуционери, оние револуционери коишто сметаа дека револуцијата треба да тече, а за да бидете револуционер треба да бидете, не само на пристојно растојание, туку да бидете наспроти власта.“ Потоа,   се сретна со, како што вели таа, лидерот на „Левица“ ( или тоа што остана од Левица), Димитар Апасиев. Ако веќе треба да се искоментира, средбава е само потврда на упорноста на кандидатката да се демантира и да го запечати веќе силниот впечаток дека таа не бира средства до претседателската фотеља.  Во редот на нејзините подвизи во битката за победа се редат и нејзините малкубројни средби и изјави за нејзината голема посветеност и љубов кон сите граѓани немакедонци во земјава. По Албанците, на ред дојдоа и Ромите и Бошњаците. И сиромашните и децата.

Кандидатката Силјановска Давкова вчера  организираше хуманитарен настан, односно, заедно со нејзиниот тим, ќе подготвуваа оброци за социјално загрозени лица и од ранливи категории. За да побара гласови и од нив. На реакциите од Министерството за труд и социјални политики, за злоупотреба на децата и младинците без родители и родителска грижа во СОС Детско село, Силјановска Давкова  ги повика министерката Царовска и СДСМ да одговорат каде гледаат злоупотреба во нејзиниот хуманитарен настан.

„За разлика од СДСМ и Пендаровски, мојот тим нити вклучи нити објави настани, фотографии или видеа со деца. Штитениците на СОС Детско село и СОС мајките беа крајни корисници на настанот и нашата кампања, но директно во ниту еден момент не беа вклучени. Го повикувам СДСМ и Министерката Царовска да кажат во што се состои злоупотребата.

Дали тоа што беше донирана храна на деца без родители? Дали тоа што настанот се случи откако фондацијата дозволи храната да биде донирана или тоа што како и во многу други случаи на децата им беше искажана љубов и хуманост без воопшто да бидат објавени нивните идентитети?“, изјави Силјановска Давкова.

Ако на почетокот на кампањата кандидатите се трудеа ( иако безуспешно) да бидат забавни и интересни за граѓаните (читај -гласачите), овој дел од кампањата не само што не е забавен и интересен, туку и предизвикува одбивност за следење. Уште некој ден…

 

 

Share21TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ