• Latest

Кандидатска дигресија

March 5, 2019
Фото: ANF Nеws

ПКК се самораспушти и го запира вооружениот конфликт против турските власти

May 12, 2025

Повеќе од публикација: Одбрана на демократијата и човековите права – повик за акција во борбата против националзимот, десничарскиот екстремизам и авторитаризам

May 12, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Драгана Костиќ

„Ако нѐ нема нас – кој ќе ве штити вас?“, протест на Независниот синдикат на полицијата за зголемување на платата

May 12, 2025
Фотомонтжа: Д. Мишев / ЦивилМедиа. Скриншот од видео на NEWS 18

 Американските експерти за владина етика згрозени од плановите на Трамп да прифати авион од 400 милиони долари како подарок од Катар

May 12, 2025

Одбрана на демократијата: Отфрлање на лажната рамнотежа и зајакнување на демократската отпорност

May 12, 2025
Фото: Фејсбук на Весна Јаневска

Јаневска: Средношколците во Штип, Битола и Скопје ќе полагаат државна матура во амфитетарите на универзитетите

May 12, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Социјалистите водат на изборите во Албанија: СПАК покрена 39 истраги за изборен криминал; Косовските партии се обратија до Уставен суд поради (не) конституирањето на собранието

May 12, 2025
Фото: МИА

ЕУ ја предупредува Русија – без прекин на огнот, нема мировни преговори

May 12, 2025

Убиства пред полициска станица, во кафич, дома пред детето наспроти благодарницата на Тошковски

May 12, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за работата на банките?

May 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кандидатска дигресија

March 5, 2019 11:46
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографијата со претседателскиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, во седиштето на ДУИ, којашто предизвика многу реакции кај граѓаните, е добар показател за политиките и меѓусебните односи на сегашната власт.

Дијана Тахири

Како да требаше да се види на слика за да се поверува дека ДУИ што го бојкотираше Стево на минатите избори, и Стево којшто за ДУИ велеше дека се тоа, тоа и тоа, сега седнале на една маса и како најдобри другари ќе тераат претседателска кампања. Останува да се види дали Али Ахмети ќе биде исто толку гласен како што беше Заев на локалните избори кога бараше гласови за ДУИ.

Туку, друг ми е муабетот. На една Фејсбук објава со истата слика придружена со текст, дека штом Пендаровски, којшто го гласаа голем број Албанци на минатите претседателски избори, седнал на иста маса со ДУИ, нема веќе да ги добие.  А нема да ги добие, исто како што ДУИ не ги доби на минатите парламентарни, односно, граѓаните решија да ги казнат СДСМ, а и решија да се сетат и дека истиот Пендаровски во деведесетите беше шеф на кабинетот на безбедноста, во времето кога се случи Бит Пазар, Гостивар, и други полициски акции врз албанското население.  Под објавата имаше еден коментар, кој ме инспирира да пишувам денеска на оваа тема. Вели: Е па за кого ќе гласате, за Силјановска?!

Нема да гласаат за Силјановска. Изненадувањето на овие претседателски избори, а коешто не се доживува како изненадување, барем не засега, и коешто не се перцепира и третира како достојно, е кандидатурата на проф. д-р Блерим Река. Својата кандидатура Река ја најави на Фејсбук, ден пред усогласувањето на ставовите помеѓу СДСМ и ДУИ за заеднички кандидат, којшто го нарекуваат консензуален, а СДСМ дури се обиде да го поттурне и како натпартиски. Да се разбереме, Пендаровски може да нема партиска книшка, но сите негови политички функции, вклучително и претседателските кандидатури, се одвиваат за време на мандати на СДСМ, и во оркестрација на СДСМ. Така што, Пендаровски е кандидат на СДСМ, со кој што, навидум, се сложи и ДУИ.

Велам навидум, бидејќи, ако некој ги следи реакциите, или отсуството на реакции на членството на ДУИ, освен тие на првиот ешалон, јасно се гледа дека Пендаровски не е нивниот фаворит за претседателски кандидат.  Дури, се шпекулира дека кандидатурата на Река е иницирана од ДУИ, што не е за чудење, но натаму нема да чепкаме, до крајот на изборниот процес.  Официјално, кандидатурата на Река ја поддржуваат опозициските Алијансата за Албанците и Беса. Како и голем број граѓани Албанци, симпатизери или припадници на сите албански партии, како и тие што не гравитираат кон ниедна партија. И во голем дел, граѓани што протестираа против режимот ВМРО – ДУИ, разочарани од политиките и делувањата на сегашната власт, којашто ја донесоа самите, а јас би кажала, разочарани од своите очекувања од ветувањата на власта. Како и да е, мотивите на Река за своето кандидирање на претседателските избори, засега се нејасни, барем што се однесува до „независниот“ дел.

Како што се одвиваат работите, се чини дека ДУИ, како целина, ќе ја одмолчи кандидатурата на Блерим Река, со тивка, но масовна поддршка во форма на гласови. Бидејќи, вториот и третиот ешалон од ДУИ, од коишто има голем број на покајници од бојкотирањето на минатите претседателски избори, луѓе коишто навистина мислеле дека со бојкотот, Иванов нема да победи, но со текот на времето си ја увиделе грешката, или поточно, последицата од беспоговорната послушност кон лидерот (така е кога си член партија, нели) , освен што добар дел од нив се во стари домашно- пријателски односи со Река и без размислување ќе му го дадат гласот, во некоја интересна телепатска врска со лидерот Ахмети, во тајност и ќе ликуваат за својот придонес кон негласањето за Пендаровски. Ај разбери!

Така што, зад еуфоријата за кандидатурата на Пендаровски, небаре веќе победи, како да се крие голема несигурност, бидејќи Силјановска, според досегашните изборни искуства, кога станува збор за избирачкото тело на ВМРО -ДПМНЕ, а и од други гласачи, е сепак јак противник на Пендаровски. Додека за кандидатурата на Река, сè уште не се свесни дека ќе им ја замати водата, и тоа на неколку нивоа. Несвесноста на СДСМ по оваа кандидатура доаѓа од длабокото непознавање на албанската ментална структура, од високата препотентност во своите структури, и потценување на се што не е СДСМ. ДУИ, од дргуга страна, ќе си ја одигра улогата на „послушен“ коалициски партнер со повремени блесоци на непослушност и несинхронизираност со партнерот, коишто на крајот на денот се „пеглаат“ со меѓусебни тапкања и нови договори, и ќе си ја тера водата на свое поило, независно од договорот, како и обично.

Сепак, и покрај општото мислење дека овие избори ќе бидат помеѓу ВМРО – СДСМ, ќе биде интересно, посебно во вториот круг.  Ќе бидат избори помеѓу ВМРО – СДСМ – ДУИ и граѓаните.

За крај, прашањето ми е – наместо во чаршија, кој кандидат ќе се осмели да прошета низ Серава и Гази Баба? Од таму се добиваат и губат многу гласови.

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share54Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ