Во Карпош 4 денеска започна акцијата за донирање на потребните производи за настраданите во Атина на иницијатива на активисти од К4 и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.
Пунктовите се отворени во спортските сали во О.У. „Лазо Трповски“ и О.У. „Владо Тасевски“.
Сите хумани граѓани во рамки на нивните можности можат да донираат парична помош преку Комерцијална банка на 300000001327966 ДБ 4030984271620 или 100 ден на телефонските броеви 075/070/077 143 400.
Како што велат организаторите, потребни се хигиенски прибори, конзервирана храна, хигиена за деца и детски креми за изгореници, вода и детска храна.
Е. Мустафа