• Latest

Кавраков: Да бидеме добар пример за нашите ученици, да не шириме лажни вести и дезинформации

March 27, 2020

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица

October 30, 2025
Скриншот од видео на euronews

Прекини на електричната енергија низ цела Украина по масивните руски напади со ракети и дронови врз термоцентрали

October 30, 2025

ДЗР: 65,5 отсто од потребната енергија во земјава за 2024 била обезбедена од увоз

October 30, 2025

Нова изборна постапка во рок од 60 дена од конечните резултати на локалните избори во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN

Трамп по самитот со Си во Јужна Кореја најави скоро потпишување на трговскиот договор со Кина

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Кавраков: Да бидеме добар пример за нашите ученици, да не шириме лажни вести и дезинформации

March 27, 2020 20:34
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешната директорка на Државниот музички училишен центар ,,Сергеј Михајлов,“ од Штип на социјалните мрежи сподели објава во која тврди  дека годинава овој Центар ќе има само 34 ученици и дека како резултат на лошото менаџирање како училиште изгубиле цел еден клас. За истото,  директно го обвини лошото менаџирање на актуелниот директор и како што истата вели на сегашната власт.

 

Поранешната директорка од ДМУЦ „Сергеј Михајлов,“ која во моментот е и професорка по Историја на музика со познавање на музичката литература во истиот Центар,  наместо да споделува непроверени информации на социјалните мрежи, имала можност да се правилно информира на своето работно место. Но, и покрај тоа намерно или ненамерно решила да ги пласира овие информации пред своите ученици и јавноста.

По повод објавата на наставничката од страна на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ веднаш беше демантирана лажната вест, апелирајќи до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации и да се информираат на вистинските места.

„Со оглед на тоа дека протече една лажна (но ниту прва ни последна од тој тип) информација на социјалните мрежи ние како Државна образовна институција сме должни да ја изнесеме Вистината!

За учебната 2020/2021 година Министерството за образование и наука ни обезбеди Две Паралелки, една музичар изведувач и една музичар теоретичар, вкупно 68 ученика

Апел од нас до Вас…

Отворени сме секогаш за било што и да ве интересира поврзано со ДМУЦ „Сергеј Михајлов“,

Не дозволувајте манипулации!”, напишаа на својот Фејсбук профил од Центарот.

По повод лажните вести на социјалните мрежи  за ЦИВИЛ Медиа своја изјава даде и Горан Кавраков директорот на ДМУЦ ,, Сергеј Михајлов,,  кој  директно беше повикан во објавата како лош менаџер со цел во јавноста да ја сподели вистината во врска со бројот на ученици за учебната 2020/2021.

,,Еден апел до сите нас , до сите вас. Да бидеме добар пример за нашите ученици, да не шириме лажни вести и дезинформации. Да се информираме на време и на вистинските места,  а колективот на ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ е отворен 24 часа за комуникација. Останете дома и останете во добро здравје“, истакна Кавраков

Очигледно наставничката објавила фотографија од стар конкурс на Министерството за образование и наука, а по демантот и објавувањето на фотографијата од актуелниот конкурс , нејзината објава беше избришана од нејзиниот Фејсбук профил без корекција и дополнително објаснување.

С. М. Живкова

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ