• Latest

Ќе ги „спасат“ граѓаните и од постапките за извршување кои се во тек, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за законските измени за казнена камата

July 19, 2023
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
Фото: Архива

Политико: Унгарија подготвува нов „антиукраински сојуз“ во ЕУ со Чешка и Словачка

October 28, 2025

ЕУ во 2024 година обезбедила 31,7 милијарди евра за климатските активности на земјите во развој

October 28, 2025

Еуроактив: Србија меѓу демократијата и литиумот

October 28, 2025

Додик не се откажува од референдум, засега се пречка „Муслиманите кои не знаат да прават ништо без Србите“

October 28, 2025
Фото: УНХЦР

Суданската армија го изгуби клучниот град од паравоените сили на RSF, ОН алармира за етнички мотивирани злосторства извршени од страна на RSF

October 28, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Во Кавадарци роденденот завршил со убиство – обвинение против 43-годишник што го убил брат му од користољубие

October 28, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CNBC Television

Бесент го нарече „руски пропагандист“ претставникот на Кремљ, Дмитриев кој ги минимизираше санкциите на САД

October 28, 2025
Трамп и Путин на Аљаска. Фото: Скриншот

Русија се повлекува од договорот со САД за отстранување на плутониумот доволен за илјадници нуклеарни боеви глави

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Ќе ги „спасат“ граѓаните и од постапките за извршување кои се во тек, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за законските измени за казнена камата

July 19, 2023 13:04
in АНАЛИЗИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување кој го изгласаа пратениците во собранието, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот, а дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени иако оваа иницијатива произлезе од Народниот правобранител, Насер Зибери кој минатата година до Владата дoстави Иницијатива со која се предлага извршителите да не можат да наплаќаат казнена камата неограничено.

Една од целите на измените на Законот за облигациски односи е заштита на правата на должникот поради неактивна улога на доверителот и извршителот.

-Во досегашниот Закон за облигациските односи беше предвидено сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, да застаруваат за десет години, па и оние за кои законот инаку предвидува пократок рок за застареност. Со измените на Законот, се врши измена на оваа одредба со тоа што рокот за застареност се скратува на пет години од правосилноста на одлуката (соодветно на општиот рок на застареност на побарувањата), зашто има злоупотреби со тоа што намерно се чекаат да изминат девет години и единаесет месеци и се започнува постапка за извршување, со цел да се добие надомест за камата, се наведува во текстот.

Целта е, се додава, да се намали злоупотребата на правата, односно да се намали можноста од алтернативни заработувања со камати, како и стимулирање на доверителите за поефиканса и побрза реакција.

-Со постојниот член од законот се создава правна несигурност односно одредбата од членот е нејасна во делот за тоа дали извршната исправа застарува за 10 години, како апсолутен рок на застареност, или пак во постапка за извршување настапува прекин на застареност и истата одново почнува да тече во зависност од секое дејствие на извршителот.

Заради целисходност на одредбата потребно е да биде внесен нов став кој ќе го појаснува овој дел, при што предлог е застареноста да може да биде прекината само во случај на наплата и реализација на дел од побарувањето, а не со само превземено дејствија на Поднесено барање за извршување, Изготвен налог и слично, а општиот рок на застареност на веќе отпочната извршна постапка да биде 10 години од поднесеното Барање на извршување, појаснуваат пратениците од СДСМ кои се подносители на Законот.

Измените, пак, на Законот за извршување предвидуваат поголема заштита на граѓаните.

-Постојниот начин на извршување поради неможност за исплатата на каматата на долгот определена во извршната исправа остава простор за нарушување на егзистенцијата на голема група граѓани кои во постапката на извршување се јавуваат како должници. Оваа состојба е алармантна и неопходна за регулација и состојба за која интервенираат граѓаните и други институции во државата, кои заради природата на проблемот и неговиот опсег е потребно законски да се регулира во делот на висината на износот на неисплатената казнена камата, која не ретко го надминува и износот од главниот долг. Заради законска заштита на граѓаните како странки, учесници во постапката за извршување кои имаат својство на должници и уредување на оваа област, се предлага изменувањето на Законот за извршување, стои во законските измени, се наведува во образложението на Законот.

Се намалува должничкото ропство за брзите кредити

На овој начин драстично се намалуват вкупните трошоци за брзи кредити, кои не можат да бидат поголеми од 60 отсто од кредитот, а се става крај и на праксата со која за брз кредит од 10.000 денари граѓаните враќаа и по 70.000 денари.

„Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ отколку што навистина должеле. За жал пратениците од ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени со што уште еднаш ја покажаа својата незаинтересираност за потребите на граѓаните“, објави СДСМ.

Овие законски измени ќе важат и за постапките за извршување кои се во тек.

Освен тоа, сегашните законски решенија од 10 години застареност им даваше можност на извршителите да манипулираат со извршувањето и да го одолговлекуваат, а граѓанинот должник да биде принуден на крајот да плати висока сума за камата. Со законските измени, тој рок за застареност се скратува на 5 години.

Народниот правобранител со иницијатива

Најголем проблем со кој се загрозуваат човековите права се превисоките камати на долговите пишуваше во извештајот на Народниот правобранител. Една третина од вкупниот број на претставки поднесени до Омбудсманот во Северна Македонија се однесуваат токму на постапките со извршителите.

Поради тоа,  Зибери уште минатата година иницираше да се ограничи каматата на долговите кон извршителите. Тој во октомври минатата година, достави иницијатива казнената камата да не може да биде поголема од главниот долг. Поради овој проблем има граѓани кои цел живот се должници кон доверителите, поради ниските примања и превисоките камати.

Зибери во октомври минатата година до Владата дoстави Иницијатива со која се предлага извршителите да не можат да наплаќаат казнена камата неограничено. Идејата на предложените измени е казнената камата да не биде поголема од основниот долг, односно кога каматата ќе ја достигне висината на јавниот долг таа да престане да тече.

Каматата двојно поголема од долгот

Во 2020 година беа направени измени во Законот за извршување со кои беа допрецизирани листата на категории на лица и на примањата кои се изземени од извршување (примање на права на парична помош од социјална заштита, примање на правата за заштита на децата и сл.) со што се воведе ограничување на извршувањето од 1/3 на 1/5 од платата или пензијата.

Но, поради тоа што немаше промени во делот на казнената камата во пракса во огромен број на случаи оваа камата повеќекратно ја надминува висината на главниот долг. Зибери наведе пример за извршување на долг, постапка која започнала во 2011 година. За наплата на главен долг од 531.932 денари (во овој случај треба да се наплати камата од 1997 година) до март 2022 година кога странката се обратила кај Народниот правобранител, извршителот известил дека за 11 години се наплатени над два милиони денари, од кои само на име на камата 1,5 милиони денари. За целосна исплата на долгот останува да се платат уште 1.424.301 денари, сума од која на име камата се над 835 илјади денари.

Во годишниот извештај на Народниот правобранител со години наназад се посочува дека претставките кои се однесуваат на постапките за извршување се најбројни, а од нив, пак, најголемиот број се однесуваат токму за извршувањата во кои се наплатува затезната камата.

Народниот правобранител смета дека неправично граѓаните, кои имаат долгови за електрична и топлинска енергија, вода, смет, телефонија, по вина на институциите се доведени во неповолна ситуација. Ваквиот проблем настана со имплементирање на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување донесен во 2010 година, со кој се предвиде процес на трансфер на старите извршни предмети од судовите кај нотарите и извршителите кои го продолжија процесот на извршување. Станува збор за трансфер на околу 400.000 предмети, кои се чувале во судовите поради настанатиот законски правен вакуум и недоследностите во процедурата за наплата. На тој начин, „илјадници граѓани заедно со нивните семејства едноставно се претворени во жртви на процедурите“.

Извор: Градска.мк / Соња Танеска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Експлозии во романските и унгарските рафинерии за нафта поврзани со Русија

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ