• Latest

Клучна недела за распишување на референдумот

July 29, 2018
Белград, протести. Фото: Скриншот

Тензично во Србија пред протестот против Вучиќ во Белград, власта прави опструкции, запрен градскиот превоз

June 28, 2025
Фото: Укринформ

Три руски хеликоптери и систем за противвоздушна одбрана уништени од украински дронови на аеродромот во Крим

June 28, 2025

УЈП: „МојДДВ“ се соочува со технички проблеми и работи со прекини

June 28, 2025

Грузиската опозиционерка Елена Хоштарија започна штрајк со глад

June 28, 2025

Локалните самоуправи ги добија парите од унгарскиот кредит

June 28, 2025
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, потпишаа договор со паневропското тело за човекови права, Советот на Европа, за формирање специјален трибунал за судење на високи функционери одговорни за руската инвазија на Украина, Стразбур, 25 јуни 2025.

Трибунал за државата-агресор Руската Федерација

June 28, 2025
Џабир Дерала, насловна фотографија на интервју за УКРИНФОРМ (фото: Б. Јордановска за УКРИНФОРМ)

Џабир Дерала за УКРИНФОРМ: Треба јасно да ставиме до знаење дека Украина не треба да биде високо на агендите, туку дека е самата агенда!

June 28, 2025
Фото: Скриншот

Трамп очекува прекин на огнот наредната недела во Појасот Газа

June 28, 2025

Николоски  се сретна со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

June 28, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Напад на руски дрон во Одеса, две лица загинаа, повредени најмалку 14

June 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Клучна недела за распишување на референдумот

July 29, 2018 11:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието на Република Македонија се очекува утре да има седница за распишување на најавениот есенски референдум за името. Оваа седница засега официјално не е најавена на собраниската веб страница, иако 30 јули се посочуваше како еден од крајните датуми за негово распишување.

Нема официјална информација ниту за тоа дали владејачките партии и опозицијата ги имаат усогласено ставовите околу референдумското прашање за кое имаа најголеми разлики.

 

Според Законот, референдум на државно ниво распишува Собранието на РМ и тоа по сопствена иницијатива и по предлог на најмалку 150 илјади граѓани. Предлогот за распишување референдум на државно ниво со образложение се поднесува до претседателот на Собранието на РМ , кој е должен во рок од 30 дена од поднесувњето на предлогот да донесе одлука за распишување на референдум. Одлуката потоа се објавува во Службен весник и други средства за јавно инфоемирање. Од денот на објавувањето до одржувањето на референдумот не можат да поминат помалку од 60, ниту повеќе од 90 дена.

 

Претседателот на Собранието на РМ, Талат Џафери во интервју за МИА минатата недела кажа дека Парламентот нема последен рок за распишување на референдумот, бидејќи се уште нема определно датум за негово одржување.

– Затоа не сме оптеретени стриктно да кажеме 30 јули, 31 јули или 1 август ни е последниот рок. Битно е да се определи рамката во која што се сака да се одржи референдумот и врз база на тоа да се поднесе предлог-одлука до Собранието, рече претседателот на Парламентот додавајќи дека во тој случај би можело да се свика и итна пленарна седница во кој било ден од неделата за да биде донесена одлуката.

 

Со формирањето на Државната изборна комисија (ДИК) минатата недела, чии членови утре во Собранието ќе дадат свечени изјави, се создадоа и формални услови за организирање на референдумот.

Новиот претседател на ДИК, Оливер Деркоски во изјава за МИА вели дека референдумот за името ќе биде организиран согласно законите и Уставот.

Тој посочува дека согласно Законот за референдум овластениот предлагач, во овој случај Собранието на Република Македонија, треба да ја донесе одлуката за референдум, па потоа оперативно ДИК согласно членот 31 од Законот за референдум да ги преземе своите надлежности околу организација и техничките подготовки на самиот референдум, односно спроведување на одлуката.

Во неколку официјални изјави премиерот Зоран Заев рече дека до 30 јули референдумот треба да биде распишан за тој да се одржи најверојатно на 30 септември.

Референдумот, како што изјави Заев, ќе биде организиран и без опозициската ВМРО-ДПМНЕ во случај со нив да не се постигне договор.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во однос на референдумското прашање и карактерот на референдумот посочија дека во моментот нема никакво поместување и оти ставот на партијата веќе неколку пати го соопштиле.

– Нашиот став во однос на прашањето веќе неколку пати го кажавме. Тој е јасен и според законските норми и европските начела во моментов како што знаете од таму каде што застана на лидерската средба нема никакво помрднување, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постојат консултации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта околу референдумското прашање и за карактерот на референдумот.

Немаше одговор ниту дали пратениците на опозициската партија ќе учествуваат на седницата за распишување на референдумот најавена за понеделник, ниту пак која ќе биде улогата на ВМРО-ДПМНЕ на референдумот.(МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Д. Мишев

    Помина во Брисел извештајот на Вајц за Северна Македонија

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Како Скопје Прајд стана квази левичарска, про-палестинска подружница

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Нов гаф на Сиљановска Давкова – го помеша Марко Рубио со Џеј Ди Венс, кого го нарече Ди Џеј

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ