• Latest

Кодошилак, злоба и антидржавност

November 25, 2019
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Кодошилак, злоба и антидржавност

Разбирливо е незадоволството, дури и лутината поради обезвластеноста на ВМРО-ДПМНЕ, сомнителниот партиски рејтинг; разбирлив е и различниот (опозициски) поглед врз нештата, немоќта, повредената суета, па и нетрпеливоста кон политичкиот конкурент

November 25, 2019 11:11
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува МИЛАН БАНОВ

Едно неодамнешно испитување на јавното мислење кај нас недвосмислено покажа дека во оваа земја малку им се верува на институциите на системот и на политичарите, па оттука некако логично произлезе и податокот за исклучително високиот процент на граѓаните кои потонале во самите себе си и кои довербата ја подаруваат само на своето блиско опкружување – на семејството. Меѓутоа, независно од овој резултат, еден друг податок, се чини, внесува попастелни бои и тонови во евидентното македонско сивило и ја разбива сеприсутната летаргија.

Овдешниот човек, имено, верува во иднината и не го напушта надежта дека еден ден Македонија ќе излезе од својата херметичка затвореност и, не само географски, туку и вистински, ќе се позиционира онаму каде што објективно припаѓа – во современата и цивилизира Европа. И за да бидам до крај прецизен, над осумдесет отсто од македонските граѓани (резултат од сите досегашни сондажи) веруваат во европската перспектива и силно посакуваат да нè огрее европското сонце.

Вкрстувајќи ги овие две расположби, речиси до извесност се доближува претпоставката дека кај македонската популација егзистираат два односа кон актуелниот миг во државата: интерен и екстерен, или попрецизно, за домашна и надворешна употреба. Првиот, се разбира, го препознава незадоволството од состојбите во земјата и секојдневното остро нотирање на сите тие кои, од овие или оние причини, се одговорни за нив. Што се однесува, пак, до вториот однос кон државата и кон сè она низ што таа поминува, значи оној кој го имаме надвор од границите на Македонија, сосем природно, ја изнедрува љубовта кон сопствената земја, лојалноста и патриотизмот. Според тоа, дома можеме и „очи да си извадиме“, но надвор, дури и по цена некои нешта да затскриеме, припадноста напросто ни ја сугерира и ја форсира логиката земјата да си ја претставиме во најдобро светло.

Не знам (или можеби знам) дали набедениот претседател на „најпатриотите“ од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговите поданици (читај: на Никола Груевски) влегуваат во оние помалку од дваесет проценти граѓани кои се против евроинтегрирањето на Македонија. Но, судејќи според нивното непримерно однесување во комуникацијата со странците, кога водени од поривите – злоба, властољубие, суета и омраза кон политичкиот противник – ја кодошат и валкаат сопствената држава, некако сè поприфатлива ми станува идејата дека овој расштимуван дпмне-овски оркестар сака (а веројатно и отсекогаш сакал) да внесе дисонантни тонови во обидите Македонија да се интегрира во ЕУ и НАТО.

Оваа претпоставка ја темелам врз сознанието дека споменатите  денунцијанти од „најмакедонската“ партија многу добро знаат каква реакција кај европските официјални претставници може да предизвика и де-факто предизвикува темното боење на приликите во земјата, а кога е тоа така, тогаш веќе може да се зборува дека нивното анационално средство се изедначува со нивната не помалку анационална цел. Впрочем, далеку е од умот дека Мицкоски, независно од скудните знаења и од медиокритетството во кое се удавил, не може барем да предвиди дека неговата поткажувачка и доушничка мисија (пред некој ден повторена и на Самитот на ЕНП во Загреб) како свој резултат може да го има зголемувањето на дистанцата/километражата меѓу Македонија и вратите на Европа. Оттука, веќе не може да биде непознаница дека зелената злоба што Мицкоски ја истура врз сопствената земја добива знак на равенство со неговата желба Македонија да остане таму каде што е – закатанчена во својата осаменост.

Разбирливо е незадоволството, дури и лутината поради обезвластеноста на ВМРО-ДПМНЕ, сомнителниот партиски рејтинг; разбирлив е и различниот (опозициски) поглед врз нештата, немоќта, повредената суета, па и нетрпеливоста кон политичкиот конкурент. Меѓутоа, сепак, сето тоа и низа други помалку и повеќе очигледни причини не се оправдување за недостојната улога што Мицкоски, неговиот газда Груевски и нивните подопашници си ја наметнаа – да се влезе во кодошка активност, во блокада и подривање на процесот за нашето влегување во ЕУ.

И да, веќе нема простор за сомневање, срамната денунцијантска улога на дпмне-овците, нивната пирејска упорност да го докажат недокажливото дека кај нас сè е затруено, чиросано, канцерогено, па според тоа, и сè мора да се сече и разнебитува, ја препознава целта – Македонија надвор од европското семејство. Но, истовремено и темелно го зацврстува сознанието за нивната анационалност и антидржавност.


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон.
Со преземање на било која содржина објавена на ЦИВИЛ Медиа, спротивно на Условите, се согласувате на ЦИВИЛ да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
ПРЕЗЕМАЊЕТО (и делумното) НА КОЛУМНИТЕ Е ЗАБРАНЕТО ЗА СИТЕ ПРЕД 15 ЧАСОТ НА ДЕНОТ НА НИВНОТО ОБЈАВУВАЊЕ. Врз основа на посебен договор за соработка и размена, ниедно ограничување не важи за Слободен печат. Овие правила важат за сите, без оглед на тоа од каде е преземена содржината што оригинално е објавена на медиумкста платформа на ЦИВИЛ.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ